вторник , 26 септември 2017
saso-mijalkov-1445252006-765003-1-540x365

Еве како е ослободен Мијалков во Србија: Бато ти си премиер вадиме одавде !

saso-mijalkov-1445252006-765003-1-540x365
Поранешниот шеф на македонскатa тајнa службa, Сашо Мијалков, кој во саботата на белградскиот аеродром беше уапсен со оружје, беше ослободен, благодарение на блиската роднинска релација со македонскиот премиер, Никола Груевски, пишува српски Курир.

Курир се повикува на извор во безбедносните служби според кој интервенциите од највисоките кругови во власта во Мкедонија започнале веднаш кога Мијалков бил уапсен.

– Нема кој не бараше, од политичари, преку контроверзни бизнисмену до луѓе од  врвот на власта. Интервенираше дури и премиерот на Македонија, кому Мијалков му е прв братучер. Тие инсистираа веднаш да биде пуштен без проверки и задржувања… Што се случи и кого се македонскиот премиер повика не знам, но Мијалков беше брзо пуштен , тоа беше наредба – открива соговорникот на Курир.

-Да потсетиме, кај Сашо Мијалков, најмоќниот Македонец, кој беше уапсен на аеродромот во Белград, пиштолот – берета,  пронајдени беа и хируршки ракавици и додатна кутија со муниција, што укажува на тоа дека не ја кажал вистината кога рекол дека оружјете “случајно го заборавил во рачниот багаж“ – пишува Курир.

– Според информациите што ги имам преку Белград закал да се упати во Загреб, а поводот наводно е состанок со претставници на ХДЗ во врска со изборите. Тој јавно ги поддржа и финансираше, а тоа не го крие. Инаку, тој е човек кој има блиски контакти во регионот со криминалци, бизнисмени, луѓе од политиката, власта (…)посебно е близок и со албанското подземје – вели соговорникот на Курир.

(…)

Инаку, се шпекулира дека Мијалков е еден од главните организатори на вооружените судири во Куманово со цел предизвикување меѓуетнички конфликт.
Кратко по судирите Мијалков се повлече од позицијата шеф на македонската тајна служба.

Текстот во целост прочитајте го тука

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …