вторник , 26 септември 2017
strip super heroi

Еве на што се должи популарноста на супер

strip super heroi
Ако сте љубител на стрипови, фантастични приказни или научна фантастика, ова е вистинското време за вас, бидејќи Холивуд ќе ги задоволи вашите вкусови. Некои експерти веруваат дека повеќето филмови традиционално биле замислени како мешавина на едукација и забава.

Овие филмови се целосно насочени кон прикажување на: моќта, акцијата, акробациите и возбудата – во шарени и целосно реализирани светови.

Гледањето на филмови со суперхерои е одлична можност да се опуштите и да не размислувате за стресните ситуации од секојдневието.

Историски гледано, за време на војните, филмовите станале жариште на патриотизам и хероизам.

Суперхероите на некој начин го воспоставуваат мирот, спречуваат насилство ако е потребно и сл. Покрај тоа, тие служат како инспиративни фигури – некој што може да нè спаси од сите темни и тешки времиња.

Овие филмови промовираат идеи за мир, безбедност и слобода. Некои експерти сметаат дека оваа порака е потребна за охрабрување во тешките времиња.

Настрана од светските и психолошките причини, овие филмови се забавни. Со оглед на успехот на првите неодамнешни примери од жанрот, како „X-Men“ и „Spiderman“, холивудската филмска индустрија почна да фрла огромни суми на пари за создавање на ефекти.

Модерните филмови за суперхерои се проследуваат наназад до 1978-та година, со филмот на Warner Bros. – „Spiderman“. Во тоа време се сметало дека два и пол часа епска приказна базирана на стрип може да биде голем ризик. Но, по речиси 40 години, многу филмски фанови стануваат заситени од овој жанр.

Постојат неколку причини кои можат да резултираат со крај на популарноста на филмовите за суперхерои.

Еден од основачите на холивудскиот блокбастер, Стивен Спилберг, неодамна зборуваше за иднината на овие филмови. Се предвидува дека тие најверојатно ќе завршат како вестерн филмовите, односно нивната популарност ќе се намали, поради што ќе престанат да се снимаат.

Слични написи

race

Рацете говорат дали сте личност со топло срце или студена внатрешност! Проверете!

Психолозите спровеле истражување над 60 волонтери и за тоа време им давале лосиони кои ги …