вторник , 24 октомври 2017
everton

Евертон прави шампионски тим: Покрај Руни и Рамиреш, на ред е да пристигне и Бентеке

Евертон веќе работи на целиот случај и со продажбата на Ромелу Лукаку на Манчестер јунајтед за сума од 75 милиони фунти спремен е во своите редови да го донесе Кристијан Бентеке.

Тие се спремни да издвојат 30 милиони фунти за играч од ваков калибар. Бентеке одигра фантастична сезона во редовите на Кристал Палас и постигна 17 голови. Пред да настапува во редовите на Кристал Палас тој го носеше дресот на Ливерпул.

Ако го реализира тој трансфер, Евертон дефинитивно со таков ростер ќе биде еден од конкурентите за освојување на титулата особено што менаџерот на клубот Роналд Куман, ги донесе Сандро Рамиреш и Вејн Руни.

Од целата ситуација со нови фудбалери, најинтересна е ситуацијата со Вејн Руни кој пристигна во Манчестер Јунајтед од редовите на Евертон, и се уште не се знае каква ќе биде реакцијата на фановите, каков пречек ќе му приредат зошто во тој период фановите на Евертон беа навистина гневни за неговиот премин на „Олд Трафорд“.

Слични написи

iniesta

Иниеста потпиша доживотен договор со Барселона

Андрес Иниеста потпиша уникатен договор со Барселона, кој има доживотна важност. Ова е посебен начин …