петок , 22 септември 2017
Syrian refugees gather at the border in Suruc, Turkey, Saturday, Sept. 20, 2014. Several thousand Syrians, most of them Kurds, crossed into Turkey on Friday to find refuge from Islamic State militants who have barreled through dozens of Kurdish villages in northern Syria in the past 48 hours. (AP Photo)

Европа избра лош момент за обрзување со Турција

Фајненшел тајмс – Лондон

Европа навистина ја зафати паника заради бегалската брановите сириски бегалци кој доаѓаат до нејзините граници, но Европската унија не можеше да избере полош момент повторно да заклучи дека има интереси во Турција, истакнува британскиот весник Фајненшел тајмс.

Пред околу седум години заради недоразбирања на чие чело беа Франција и Германија, ЕУ и го срте грбот на Турицја во момент кога под влијание на преговорите за присоединување кои делуваа како двигател за реформи, земјата почна да се претвора во вистинска демократија. Сега, под влијание на германскиот канцелар Ангела Меркел, ЕУ повторно и обрнува внимание на Турција, во момент кога земјата под се едноличното управување на претседателот Реџеп Таип Ердоган е во опасност за заличи на Сирија.

По средбите со Еродган и турскиот премиер Ахмет Давутоглу, Меркел го даде својот благослов за пакет од стимули во замена за напорите од страна на Турција да сопре напливот од бегалци кон Европа. Евросојузот ќе ги обнови блокиранте преговори за членство, ќе го забрза укинувањето на визите (кое го направи за молдовците, но не и за турците), и ќе и даде на Анкара три милијарди евра за да и помогне на Турција (која веќе прими два милиони сириски бегалци) да ја игра улогата на преграда за се поголемото преселување, одбележува весникот.

Овогодинешнинот извештај на Европската комисија, во кој се очекуваше остра критика кон Анкара заради кршењето на слободата на говорот и на јавните собири, беше одложен.

Не чуди што Ердоган, кого конечно можеме да го видиме насмеан на јавни места, беше сниман во крупен план со насмевката заедно со Меркел. Тој можеби си мисли дека тоа може да му донесе уште некој процент повеќе на општите избори на 1 ноември, кои ги закажа откако избирачите ја лишија неговата владеачка Партија на правдата и развојот (ПСР) од парламенарното мнозинство во јуни. А мошеби и не, затоа што според анкетите избирачите ќе ја задржат позицијата од јуни, а и нема многу турци кои продолжуваат да потхрануваат илузии за членство во ЕУ.

Политичката безилезност во Анкара ќе беше сосема нормална ао Турција беше нормална држава. А таа не е, во ситуација кога институциите се поклонуваат пред решителноста на Ердоган да ја сврти земјата од парламентарна демократија во претседателска република и имајчи ги во предвид етничко-меѓурелигиозните противречности во сириско-ирачки стил кои ги надминуваат границите.
Ердоган сака поддршката за Демократската партија на народите (ДПН) нкоја постигна пробив на изборите во јуни и се закани на амбициите на претседателот да биде ограничена под прагот од 10 проценти за влегување во парламентот. Тој исто стравува дека успехот на сириската опозиција која е во сојуз со Курдската работничка партија (ПКК) може да освои територии од организацијата Исламска држава во северна Сирија и легитимирана од поддршката со американските воздушни удари да создаде уште една курдска административна единица покрај турската граница заедно со автономниот регион Ирачки Курдистан. Ид има интерес да ги влошува нештата, па затоа е подобро турци и курди да се бијат меѓусебно отколку да се борат против неа, посочува Фајненшел тајмс.

На џихадистите од помош им е спроведуваната од Ердоган идеологија (мешавина од исламизам и национализам со идеја за владеење на сунитите) кои и покрај ефтината зделка со ЕУ ја оддалечува Турција од Западот и ги потхранува меѓуетничките и мешурелигиозните јазови. Европа треба внимателно да се погледне во себеси како и во Турција чии граѓани подлежат на суд како за поврзаност со Исламска држава, така и за критичките пораки кон претседателот на Твитер, заклучува дневниот весник.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …