понеделник , 23 октомври 2017
europolTablaZ

Европол уапси 24 од најбараните криминалци

Европската полициска служба (Европол) денеска соопшти дека уапсила 24 од 60 криминалци кои се наоѓаат на листата најбарани во Европа.

Како што се наведува во соопштението, многу криминалци од листата и понатаму се кријат ширум Европа, поради кој Европол заедно со Европската мрежа за барање бегалци (ЕНФАСТ) од 1 до 23 декември, секој ден ќе објавува по една фотографија од бегалец кој е баран во една од 23 различни европски земји.

Европол истакна дека, од каде на почетокот на годинава беа објавени листи со имиња и фотографии од 60 најбарани лица, кои се осудени или осомничени за убиство, киднапирање, тероризам, трговија со дрога, голем дел веќе се фатени благодарение на медиумското внимание кое го предизвика истата.

„Многу од нив и понатаму се кријат ширум Европа и европски агенции се спроведување на законот заедно работат како да ги фатат. Сите овие криминалци бегаат од одговорност и казни, а тоа тешко им паѓа не само на жртвите, туку и на семејствата и пријателите на жртвите“, стои во соопштението.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …