четврток , 19 октомври 2017
breg

Европратениците се согласија дека нема доволно напредок во разговорите за „Брегзит“

Европскиот парламент денеска го одобри предлогот, во кој се вели дека разговорите за „Брегзит“ не постигнале доволно напредок за да започне следната фаза на преговорите за „развод“ меѓу Брисел и Лондон, објави АФП.

Членовите на Европскиот парламент го прифатија предлогот со 557 гласа за, 92 против и 29 воздржани, со што ги повикаа Лидерите на ЕУ да ја одложат својата одлука за тоа дали е постигнат доволно напредок во преговорите, за да започне дискусијата за идниот однос помеѓу Велика Британија и ЕУ.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …