сабота , 23 септември 2017
evropski-sud

Европскиот суд ја прогласи за неважечка спогодбата меѓу ЕУ и САД

evropski-sudЕвропскиот врховен суд пресуди денеска дека договорот Сејв харбр (Safe Harbor) меѓу Брисел и Вашингтон, кој овозможува пренос на илјадници податоци за работење преку Фејсбук од Европа во САД е неважечки, бидејќи не нуди доволно заштита. Тоа го покажа шпионирањето на НСА откриено од Едвард Сноуден.

– Судот на правдата наведува дека договорот Safe Harbour меѓу Европската комисија и САД е неважечки, се вели во одлуката која е донесена за случај покренат од австрискиот студент по право Макс Шремс против Фејсбук.

Судот истакнува дека ирските власти сега мора да донесат одлука да прекинат пренос на податоци од европски претплатници на Фејсбук во САД, бидејќи таа држава не обезбедува адекванта заштита на личните податоци.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …