четврток , 29 јуни 2017
fen bar

Фенербахче по продолжение ја совлада Барселона

Кошаркарите на Фенербахче по дополнителните пет минути ја победија Барселона синоќа на домашен терен во натпревар од 30-то последно коло од Евролигата.

Воедно со тоа ја прекинаа серијата од три порази. Богдан Богдановиќ со 15 и Никола Калиниќ со 13 поени беа најефикасни кај победникот, додека Тајрис Рајс беше најефикасен на дуелот со 19 поени.

Резултати на синоќа одиграните дуели од оваа рунда: Фенербахче – Барселона 68:65, Бамберг – Галатасарај 79:84, Макаби – Панатинаикос 61:81 и Басконија – Жалгирис 79:84.

Вечерва се играат последните четири натпревари од лигашкиот дел: Дарушафака – Црвена Звезда, ЦСКА Москва – Олимпијакос, Армани Милано – Уникс и Реал Мадрид – Анадолу Ефес.

Победникот од натпреварот Дарушафака – Црвена Звезда ќе биде последниот осми учесник во плеј офот. Седумте првопласирани екипи се веќе познати : Реал Мадрид, ЦСКА Москва, Олимпијакос, Панатинаикос, Фенербахче, Анадолу Ефес и Басконија.

Табела: Реал Мадрид 22-7 (победи-порази), ЦСКА Москва 21-8, Олимпијакос 19-10, Панатинаикос 19-11, Фенербахче 18-12, Анадолу Ефес 17-12, Басконија 17-13, Црвена Звезда 16-13, Дарушафака 15-14, Жалгирис 14-16, Барселона 12-18, Галатасарај 11-19, Бамберг 10-20, Макаби 10-20, Армани Милано 8-21 и Уникс 7-22.

Слични написи

davitkov

Давитков: Да го вратиме националниот тим таму каде што припаѓа

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Јорданчо Давитков на денешната прес-конференција во спортскиот центар „Борис Трајковски“ …