вторник , 26 септември 2017
rabotnicki feni

Фени домаќин на Работнички

rabotnicki feni
Од денеска до среда во Првата македонска кошаркарска лига ќе се одигра 3.коло во кое дерби натпреварите се играат во Кавадарци и Скопје.

Досега непоразениот Фени Индустри вечер од 19 часот го пречекува Работнички, додека половина час подоцна (19:30 часот) Карпош Соколи е домаќин на Куманово.

Во дербито на дното во вторник во Гевгелија, дебитантот во Првата лига Бест е домаќин на Струмица. Двете екипи по првите две кола се без победа, што значи дека двеата тима на дербито на југот ќе атакуваат на првиот успех.

Трето коло ќе се комплетира в среда со натпреварот МЗТ Скопје Аеродром – Кожув.
Табела: Карпош Соколи 4 бодови, Фени Индустри 4, МЗТ Скопје Аеродром 3, Работнички 3, Куманово 3, Кожув 3, Струмица 2, Бест 2.

Слични написи

elif-elmas-701x495

ФИФА: Фенербахче може да го регистрира Елмаз

ФИФА ја прифати апликацијата што Фенербахче ја поднесе за трансферот на македонскиот репрезентативец Елиф Елмаз, …