недела , 22 октомври 2017
fatime

Фетаи: Не може да сте осудени за кражба без да се наведе кој е предметот и кому му припаѓа

Специјалните јавни обвинителки Фатиме Фетаи и Ленче Ристовска, по завршувањето на седниците во Врховниот суд, изјавија дека од двата приговори поднесени до Врховниот суд за замрзнувањето на имотот на ВМРО-ДПМНЕ, и спогодбата на Звонко Костовски од УБК за случајот Пуч, бил разгледан само вториот, додека за случајот Талир, во кој двапати бараа замрзнување на имотот на ВМРО-ДПМНЕ, поради технички причини е одложена за понеделник.

Обвинителката Фетаи изјави дека во случајот со спогодбата на Звонко Костовски не постои кривично дело шпионажа, за кое тој е осуден. Фетаи рече дека не може некој да биде осуден за кражба, а да не се биде наведен ниту кој е предметот, ниту кому му припаѓа.

На новинарско прашање за поднесените 17 обвиненија од СЈО, обвинителката Ристовска изјави дека до денеска немаат информација дали се прифатени.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …