недела , 22 октомври 2017
prva-mfl

ФФМ ги објави термините за натпреварите од почетното коло на ПМФЛ

prva-mflФудбалската федерација на Македонија денеска ги објави саатниците за дуелите од 1. коло на новата сезона во Првата лига.

Актуелниот шампион Вардар одбраната на титулата ја почнува против Шкупи во вечерен термин, а Работнички поради настапот во Лига Европа, средбата со Брегалница ќе ја игра ден подоцна од другите екипи.

Двојки за 1.коло во ПМФЛ:

недела 17:30 часот:
Шкендија – Младост (стадион Чаир – Скопје),
Металург – Силекс (стадион Борис Трајковски – Скопје),
Хоризонт Турново – Ренова (стадион Кукуш – Турново),

недела 20 часот:
Вардар – Шкупи (Арена Филип Втори Македонски – Скопје),

понеделник 17:30 часот:
Брегалница – Работнички.

Слични написи

iniesta

Иниеста потпиша доживотен договор со Барселона

Андрес Иниеста потпиша уникатен договор со Барселона, кој има доживотна важност. Ова е посебен начин …