петок , 22 септември 2017
fiatToro-540x320

Фиат го претстави пик-ап моделот Торо

fiatToro-540x320Италијанската компанија Фиат објави први официјални фотографии и технички детали од новиот теренски пик-ап модел наменет за јужноамериканскиот пазар.

Фиат Торо има должина од 4.915 милиметри и може удобно да пренесе пет патници, додека товарниот оддел има носивост до 1.000 килограми.

За погон се достапни два мотори. Еден бензински 1,8 литарски 16 вентилски Е-торк Флекс со шестстепен автоматски менувач и погон на предните тркала. Дизел моторот е 2,0 16 вентилски МултиЏет со шестстепен мануелен менувач и погон на сите четири тркала.

Во внатрешноста на располагање е најновата генерација на Уконект мултимедијален систем со петинчен екран осетлив на допир, ГПС навигација, камера на заедниот дел и Блутут конекција.

Основната изведба на Торо доаѓа со 1,8 литарски бензински мотор, 16 инчни тркала и погон на предната оска, додека најскапиот модел содржи 18 инчни алуминиумски фелни и погон на сите четири тркала.

Фиат Торо во продажба во Бразил се очекува кон крајот на 2015 или почетокот на 2016 година, а цената засега се уште не е позната.

Слични написи

race

Рацете говорат дали сте личност со топло срце или студена внатрешност! Проверете!

Психолозите спровеле истражување над 60 волонтери и за тоа време им давале лосиони кои ги …