сабота , 21 октомври 2017
eduar-filip

Филип: И покрај протестите ќе се спроведат реформите

Еден ден откако во Франција беа одржани протести против планираните реформи за законот за работни односи, на кои учестуваа над 220.000 лица, францускиот премиер Едуар Филип нагласи дека ќе обрне внимание на демонстрациите, но оти, сепак реформите ќе бидат спроведени.

Филип, за телевизијата „Франс 2“, изјави дека овогодинешните избори покажале дека француските граѓани сепак сакаат да ги поддржат реформите.

– Слушам и обрнувам внимание. Но, морам да кажам дека Французите, кога гласаат, исто така имаат право да бидат третирани со почит. А, реформите кои ги спроведуваме, ги најави претседателот Емануел Макрон за време на предизборната кампања, наведе францускиот премиер.

По повеќенеделните преговори, фрацуската Влада минатиот месец воведе мерки, што опфаќаат ограничување на исплатата на отпремнина во случај на отказ. Таквите мерки беа оценети како неоправдани и поголема слобода за компаниите да отпуштаат и вработуваат луѓе.

Француските синдикалци вчера одржаа протест поради плановите на францускиот претседател Макрон за воведување „пофлексибилно“ трудово законодавство.

Филип на 31 август ги претстави деталите од планираните реформи на законот за работни односи во земјата, што ги разочараа синдикалците, но беа поздравени од страна на организацијата на работодавците МЕДЕФ.

Реформите, кои според Макрон, се неопходни со цел да им се дадат на компаниите пофлексибилни услови и доверба за создавање на нови работни места, овозможуваат повеќето услови да бидат договорени на ниво на одделни компании наместо за цели сектори.

Исто така, предвидено е дека најмалите компании ќе преговараат директно со своите вработени или со нивните избрани претставници наместо со синдикатите.

Новото законодавство се очекува да биде усвоено на 22 септември.

Генералниот секретар на Заедничката конфедерација на трудот Филип Мартинес ги оквалификува реформите како „социјален државен удар”, но наведе дека во корист на Макрон е поделбата меѓу трите водечки француски синдикати по ова прашање.

Француските власти со децении се обидуваат да извршат реформи во законодавството за работните односи, но на крајот нивните планови пропаѓаа под притисок од уличните протести.

Француското Министерство за внатрешни работи соопшти дека на вчерашните протести биле упасени 13 лица.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …