вторник , 26 септември 2017
akinoProfilAn-540x320

Филипинскиот претседател обвинет за учество на „неристојна роденденска забава“

akinoProfilAn-540x320Бискупот на влијателната католичка црква на Филипините, Бродерик Пабило денеска побара претседателот на државата Бенињо Акино „да се извини и покае“ поради, според него, учеството на роденденска прослава на која, како подарок од еден од гостите, инаку сенатор, три стриптизети и еден маж изведувале „повеќе од непристојни сцени“.

Бискупот изјавил дека ваквата сценска претстава е грев, затоа што на роденденската прослава имало и малолетници, а уште повеќе е политички срам за филипинската елита која била присутна на прославата.

Според видеото, што е објавено на Фејсбук, на роденденската прослава на конгресмен од Либералната партија, зачинета со „порно шоу’’, покрај претседателот Акино присуствувале и педесетина други личности од политичкиот и бизнис крем на Филипините.

Католичката црква на Филипините, со над 70 милиони верници, е и мошне влијателна во политичкиот живот на државата.

Кланот Акино, покрај другото, ја заслужува својата популарност и поради симпатиите на католичкиот клер на државата. Сегашниот претседател, со прекар Акино Третиот е син на првата претседателка на Филипините по соборувањето на диктаторот Маркос, Корасон Акино. Јуниорот има амбиции да го смени Уставот на Филипините, според кој на претседателот му е дозволен само еден петгодишен мандат, но најновата осуда од страна на бискупот Пабило најверојатно го елиминира од трката.

 

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …