понеделник , 25 септември 2017
indonezija

Филипинскиот претседател предлага заедничка акција на АСЕАН за справување со пожарите во Индонезија

indonezija Филипинскиот претседател Бенињо Акино денеска изјави дека Индонезија не смее да се осудува поради избувнувањето на големиот број пожари на архипелагот, туку дека неговата држава и другите пријатели од заедницата на државите од југоисточна Азија, АСЕАН, треба да помогнат стихијата да биде запрена.

Акино ваквата изјава ја даде по повод бројните критики на Индонезија од страна на филипинските политичари и медиуми, загрижени од податоците дека облаците смог од Суматра и Калимантан од минатата недела покриваат и добар дел на југот на Филипините.

Пожарите во Индонезија, повеќе од 16.000 регистрирани од саталитите на НАСА од јули наваму, со густи облаци чад веќе месец и пол ги покриваат источниот дел на индонежанскиот архипелаг, Сингапур и поголем дел од Малезија. Од пред десетина дена облаците смог допреа до Филипините и делови на Тајланд. Од минатиот петок ветровите донесоа облаци смог и на најнаселениот остров Јава, загрозувајќи го дишењето и во главниот град Џакарта.

Индонезија неуспешно се справува со пожарите, најмногу поради нивниот голем број и ретката долготрајна суша во овој регион. Состојбата на архипелагот, кој од исток до запад се протега во должина од 5.120 километри, а од север до југ има 1.760 километри, сега ја комплицира и појавата на пожари на крајниот исток, на островот Папуа. Десетици пожари се регистрирани во близина на главниот град Џајапура, а пожарникарите и војската за сега ги држат под контрола.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …