петок , 22 септември 2017
peleti

Фирмите увозници на пелети на удар од царината!?

По воведувањето на повластена стапка на ДДВ за пелети и котли на пелети, на сериозен удар се најдоа фирмите увозници!

Со објава во службен весник на 14.10.2016 во очи распуштањето на парламентот (17.10.2016), без никаква претходна најава до фирмите, консалтинг агенициите и сметководствените бироа кои беа затекнати и неспремни, почна да важи одредбата за повластена стапка на ДДВ од 18% на 5% за пелети, печки на пелети и котли на пелети.

Од овој датум фирмите кои продаваат пелети, печки на пелети и котли на пелети се обврзани да издаваат фискални сметки и фактурираат со 5% ДДВ. Ова несомнено влијае на намалување на малопродажните цени, ова и не би било проблем, доколку во моментов не се случува парадоксална ситуација во која на удар се најдоа фирмите увозници на овој тип производи. Имено, фирмите во овој момент, пелетите, печките на пелети и котлите на пелети ги увезуваат со 18% ДДВ, а при тоа истото не смеат да го вкалкулираат во цената, бидејќи се обврзани да продаваат со 5%. Со ова фирмите плаќаат многу повеќе ДДВ на државата при увоз од тоа што можат да го наплатат при продажба кон крајниот купувач и со тоа влегуваат во финансиски лавиринт кој според фирмите значително ќе влијае на нивната ликвидност и можноста за редовно подмирување на тековните обврски како редовна исплата на плати, исплата спрема добавувачи, даноци итн.

Компаниите апелираат царината да го промени тарифникот во најбрз можен рок

Фирмите апелираат итно и во најбрз можен рок да биде променет тарифникот на македонската царина според кој се врши увозот на овој тип на производи и да се усогласи согласно законот за ДДВ кој е објавен во Службен весник на 14. октомври.2016-та година, така што не би се довела во опасност ликвидноста на многу фирми од тој сектор. Со оглед на тоа што државата е влезена во предизборен период, фирмите стравуваат дека ваквата моментална ситуацијаможе да потрае, а според нив тоа не смее да се дозволи и бараат итна реакција од државата.

Слични написи

dragan tevdovski

Македонија ќе добие Стратегија за управување со јавни финансии 2018-2021

Македонија до крајот на годината ќе ја добие првата Стратегија за управување со јавните финансии …