вторник , 26 септември 2017
fico

Фицо: Словачка до 18 декември ќе поднесе тужба против ЕУ за квотите

ficoСловачкиот премиер Роберт Фицо соопшти дека Словачка до 18 декември пред Европскиот суд на правдата ќе поднесе тужба против Европската унија затоа што е надгласана и наредено ѝ е да прими 802 бегалци во рамки на еднократните квоти за прераспределба.

– Немаме никаква причина да го промениме мислењето за тој наш став – рече Фицо и додаде дека своите материјали и документи за тужбата ги испратил до сите министерства.

Словачка, заедно со Чешка, Унгарија и со Романија, на состанокот на министрите за внатрешни работи на 22 септември, беше надгласана во врска со прашањето за прифаќање бегалци.

Фицо нагласил дека одлуката на Словачка да ја тужи ЕУ не е насочена против самите бегалци, ниту, пак, официјална Братислава е против солидарноста, туку против начинот на кој е одлучено.

– Не е во ред со мнозинско гласање да се одлучува за толку чувствителна тема. Тужбата може да има големо значење затоа што ќе реши многу прашања за односот меѓу суверените држави, како и за тоа како да се гласа – рече Фицо.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …