сабота , 21 октомври 2017
d2938df3445fa449953552c85e19a497

Фокус: Панчевски не може да го приватизира судот, 15 негови колеги го кренале гласот

Петнаесетмина судии од Основниот суд Скопје 1 го кренаа гласот против, како што велат, злоупотребата на судот од страна на На Владимир Панчевски, претседател на Кривичниот суд му се спротиставиле 15 судии кои не можат да дозволат повеќе да се рушат етичките и правните норми, а за тоа му испратиле и порака дека Основиот суд не е приватен суд, туку дека е во функција на граѓаните и поради тоа тој не смее да го користи судот за лична пресметка со колегите , пренесува „Фокус“.

Тие решиле да го информираат Судскиот совет и Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност за судија.

pismo-sudii-738x1024

Судиите побарале да бидат преземени соодветни мерки против Панчевски поради негово постапување „имајќи ја предвид должноста на претседателот на судот да внимава да не се наруши угледот, честа и достоинството на личноста“.

Тие потсетуваат дека Панчевски на веб страницата на Основниот суд Скопје 1 , но и во медиумите јавно објави дека поднесува кривина пријава против судијата Иван Џолев. Тоа е спротивно на член 97 став 3 од Законот за судовите поради што Панчевски треба да сноси одговорност, велат неговите колеги кои се одважија да се потпишат на известувањето до Судскиот совет.pismo-sudii

Слични написи

ilija jovanoski glasanje

Јованоски: Повикувам на фер,мирни и демократски избори

Кандидатот за градоначалник Илија Јованоски повика на фер, мирни и демократски избори.