вторник , 26 септември 2017
volkswagen

„Фолксваген“ во јануари ќе почне да ги повлекува автомобилите со неисправни дизел мотори

volkswagen
„Фолксваген“ ќе почне да ги повлекува од пазарот автомобилите со дизел мотори, кои се опремени со софтвер за манипулирање на тестовите за емисија на штетни гасови, изјави во интервју за германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ новиот главен извршен директор на компанијата Матијас Милер, кој вети дека возилата ќе бидат поправени до крајот на следната година.

– Доколку се тече според планираното можеме со повлекувањето да почнеме во јануари. Сите автомобили треба да бидат поправени до крајот на 2016 година, истакна Милер.

Тој смета дека само неколкумина вработени во компанијата се вмешани во манипулирањето на емисиите на дизел моторите, што имаше последици врз вредноста на акциите, но и репутацијата на „Фолксваген“.

Според него неговиот претходник Мартин Винтеркорн не знаел за измамата.

Слични написи

race

Рацете говорат дали сте личност со топло срце или студена внатрешност! Проверете!

Психолозите спровеле истражување над 60 волонтери и за тоа време им давале лосиони кои ги …