недела , 22 октомври 2017
min-obrazovanie-s

Формирани работни групи за подобрување на образованието

Во Министерството за образование и наука, се формирани работни групи во кои се вклучени експерти од МОН и Бирото за развој на образованието (БРО), Центарот за средно стручно образование, Државниот просветен инспекторат, претставници од СОНК и МЕСО, Сојузот на Дефектолози на Македонија, Комората на психолози на Македонија, Наставничкиот пленум, наставници и професори од сите региони во државата, како и голем број претставници на граѓанските организации, во рамки на процесот за подобрување на квалитетот во основното и средното образование.

Формирани се три работни групи кои викендов работат на предлози за измени и дополнување на Законот за основно образование, Законот за средно образование, а третата работна група ќе работи на одредбите во Законите кои се однесуваат на децата со посебни образовни потреби, се вели во соопштението на МОН.

Целта на овој инклузивен процес е да се земат предвид потребите на сите засегнати страни, да се дадат предлози и идеи како да се подобри образовниот систем и да се подигне квалитетот на образованието од страна на оние кои се директно вклучени и се дел од образовниот процес.

Според министерката Рената Дескоска, предлозите добиени од работните групи се суштински во процесот на донесување на квалитетни измени и дополнување на Законите за основно и средно образование, а предлозите ќе бидат јавно достапни и отворени за дебата со цел да се дојде до најдобри законски решенија.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …