вторник , 26 септември 2017
nexus 5

ФОТО: Гугл ги претстави Нексус 5Х и Нексус 6П

nexus 5
Американската компанија „Гугл“ официјално ги претстави двата нови смартфони Нексус 5Х и Нексус 6П.

Нексус 6П го произведува кинеската компанија Хуавеи. Моделот има 5,7 инчен екран со резолуција 2.560х1.440 пиксели со Горила Глас 4. Уредот е опремен со 2,0 гигхерци 64-битен Снапдрагон 810 процесор со осум јадра, 3 ГБ РАМ меморија и батерија од 3.450 мили Ампер часа.

Во продажба ќе бидат три изведби со интерна меморија од 32, 64 и 128 ГБ. Нексус 6П има задна камера од 12,3 мегапиксели со ИР ласерски фокус, што може да снима 4К видеа. На предната страна е камера со 5 МП, што може да снима видео од 30 фремови во секунда. Телефонот е тежок само 178 грама, а неговите димензии се 159,3х77,8х7,3 милиметри.

Нексус 5Х го произведува компанијата Ел-Џи и претставува поевтина изведба на моделот 6П. Има екран од 5,2 инчи со резолуција од 1080 пиксели, Снапдрагон 808 процесор и 2ГБ РАМ меморија. На задната страна се наоѓа камера од 12,3 мегапиксели. Уредот е достапен во две верзии со 16 и 32 ГБ внатрешна меморија.

Двата уреди работат на најновиот оперативен систем Андроид 6,0 Маршмелоу и имаат скенер на отисок на прсти и УСБ-Ц порт.

Нексус 6П и 5Х може да се нарачаат преку Гугл Стор во Велика Британија и САД, а испораките се очекуваат во втората половина на октомври.

Основниот модел Нексус 5Х чини 379 долари, а основниот модел Нексус 6П 499 долари.

Слични написи

race

Рацете говорат дали сте личност со топло срце или студена внатрешност! Проверете!

Психолозите спровеле истражување над 60 волонтери и за тоа време им давале лосиони кои ги …