недела , 24 септември 2017
seat kocan

(ФОТО) Избезумениот Сеад Кочан, наместо да влези во зградата на СЈО влегол во продавница за здрава храна

Обвинетиот во повеќе постапки од СЈО, Сеад Кочан денес заедно со својот адвокатски тим наместо да влезе во зградата на Специјалното јавно обвинителство влегол во продавница за здрава храна. Продавницата за здрава храна во која што влезе Кочан е во истата зграда каде што е сместено и СЈО но има посебни влезови.

Бизнисменот Сеад Кочан денеска по втор пат беше во СЈО и втор пат ги одмина новинарските екипи без изјава.

Тој во СЈО дојде заедно со адвокатот Никола Додевски и таму се задржаа помалку од еден час.

Додевски само кратко кажа дека станува збор за запазување на процедурата во истрагата.

Во случајот „Труст“, СЈО го сомничи Кочан, како поранешен управител на фирмата „Трансмет“, а во врска со фалсификувани документи за тендер во РЕК Битола.

Според специјалното обвинителство, конзорциумот на Трансмет“, „Силекс неметали СТ“ и „ВАТО“ наплатил незаконски 17 милиони евра државни пари на тендер во 2011.

Кочан кој беше во бегство и по него имаше распишано и потерница, минатиот месец слободата си ја обезбеди со гаранција од 900 илјади евра движен и недвижен имот.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …