недела , 22 октомври 2017
БППЗ-во-спасувачка-акци_а-4

(ФОТО) Маж и жена спасени по пад во провалија на Водно

БППЗ-во-спасувачка-акци_а-4
Маж и жена кои паднале во провалија на падините на планината Водно, во близина на локалитетот Марково Крувче, кај новотрасираниот пат биле спасени синоќа од екипа на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.

Како што соопштија денеска од Градот Скопје, екипата на БППЗ составена од шест пожарникари и предводена од командантот на првата чета, Сретко Цимевски, на терен успешно интервенирала со техничка опрема соодветна за интервенции при вакви несреќни случаи. Интервенирано е на непристапен терен на длабочина од 50 до 100 метри.

Интервенцијата започнала веднаш по примената дојава од страна на машкото лице околу 19:20 часот и успешно била завршена во 22:15 часот.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …