недела , 22 октомври 2017
11855368_10207542260249834_570127048_n-640x320

ФОТО: Протестен марш на уметниците низ Широк сокак за старт на АКТО

11855368_10207542260249834_570127048_n-640x320„Нема преговори, нема примирје со оние за кои републиката е само шпекулација, а револуцијата само обрт на капитал, со оние кои мислеа само на грабеж и сакаа да останат неказнети“, овој говор на Робеспјер го кажуваше актерот Иван Јерчиќ предводејќи го протесниот марш на уметниците од Македонија и од странство, кои денеска прстигнаа во Битола на стартот на фестивалот за современи уметности АКТО. Овој перформанс беше насловен “Битолски гибања“.

11896997_10207542248889550_1471577586_n

Уметниците протестираа бидејќи Општина Битола, за јубилејното издание на овој фестивал одби да го поддржи финансиски, а исто така одби да овозможи Мобилната галерија да се постави на јавен простор во градот. Пред почетокот на прес конференцијата беа прочитани имињата на 338 учесници на фестивалот.

11880715_10207542246929501_488940011_n

-Иронично, но вистинито ова јубилејно издание на АКТО фестивалот не е поддржано од Општина Битола, а се случува во Битола по десетти пат и во истовреме е и врсник со битолско културно лето од кое беше дел во изминатите девет години. Уредно аплицириваме како и секоја година, овојпат не добивме поддршка од општината, а за тоа дознавме индиректно кога се објави програмата на Бит фест видовме дека не сме во таа програма, не бевме известени за тоа претходно.

11903497_10207542253369662_1594826040_n

Освен тоа, поднесовме барање за поставување на Монтажната/мобилна галерија во јавн простор и барање за користење на неколку јавни простори за уметнички дела и перформанси на учесниците на годинешната програма и за тоа не добивме одговор, односно половичен одговор, дека општината во принцип не соработува со организации што не се дел од годишната програма на Општина Битола, што ја покажува исклучивоста на културната политика на градот да соработува со одредени организации, независно од тоа што е јавна установа и треба да ги штити интересите на сите граѓани на град Битола, рече Филип Јовановски, уметнички директор на фестивалот.

11846348_10207542254449689_566977752_n

Мобилната галерија е поставена во двор на една приватна куќа и таму ќе биде отворена до средината на септември.

11897206_10207542271010103_574853029_n

– Тоа не е случајно, не се работи за измислување на некоја алтернативност, се наоѓаме буквално под окупација на јавните простори и наоѓаме начини како да ги користиме јавните простори кои припаѓаат на сите. Самиот фестивал го поставува прашањето што значи да се прави култура во време на окупација на општеството од политички случувања. АКТО покажа дека културата не треба да биде декорација на општествените случувања, напротив, треба да биде чекан со кој се обликува и иницира општествени промени, додаде Јовановски.

11903391_10207542271810123_338871290_n

Кураторката Ивана Васева рече дека овој фестивал со одбивањето секаква поддршка од Општина Битола бил осуден на пропаст, но наспроти тоа тие не се откажале да го одржат ова издание.

11903479_10207542272930151_1645491786_n

– Сакавме да докажеме дека едноставно не може да не’ маргинализираат и туку така да не’ тргаат на страна. Логично еше да речеме дека не можеме, но ние со сета енергија се вложивме да го изведеме овој фестивал, рече Васева.

АКТО фестивалот во изминатите години беше познат и по извонредните музички настани. Тие и годинава ќе се одржуваат од еден камион кој ќе кружи по градот. Мотото е „Музика за градот“.

11897066_10207542273570167_1754691089_n
– Целата македонска алтернативна музичка сцена го поддржува фестивалот АКТО и тоа го докажува со своето присуство и настапи, рече Александар Јовановски.

На прес конференцијата говореше и Борис Бакал од Хрватска кој рече дека наспроти неповолните услови, тој и неговата организација „Фрлачи на сенки“ решил да ја поддржат и да учествваат на годинашново издание.

Од Општина Битола нема официјално ојаснување зошто по девет години решиле да не го поддржат АКТО, освен изјава на одговорната за кутлура во општината, која за Вест изјавила дека Аорганизаторите на АКТО „не биле благодарни“.

11880895_10207542275250209_1761917709_n

Денеска во Мобилната галерија беше отворена изложбата Врвна златна колекција на АКТО сеќавања и иднини 2006 – 2015 вол.2“ и се однесува на улогата на сеќавањето и меморијата за настани кои се случиле и нивната важност за денешнината.

На програмата денеска е Радио возење „Битола е женско“ што ќе се пренесува во живо од студентското радио во Битола, претставата „Причина за болеста“ на Интимен театар Битола и повеќе музички настани.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …