сабота , 21 октомври 2017
Протест Ѓорче 9

(ФОТО) Се одржа протест пред полициската станица во Ѓорче: Да се казни човекот кој го измачуваше коњот

Протест Ѓорче 5
Денес со почеток во 12 часот со поддршка од стотина активисти за заштита на правата на животните се одржа протест пред полицската станица во Ѓорче Петров, поради како што изјавија од Анима мунди полициската амнестија врз човекот кој го измачуваше коњот во дворот на училиштето Димитар Поп Ѓорѓиев Беровски.

Активисти на здруженијата за заштита на животните, претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска, Општинското раководство на СДСМ од Ѓорче Петров заедно со советничката група на СДСМ дадода поддршка.

Координаторката Ангелковска Трајковска за РеволуционерМк изјави:

“На 40 седница на Советот на Општина Ѓорче Петров јас како координатор на советничката група побарав лично од градоначалникот Митровски да се заложи за решавање на проблемот со коњите кои што парадираат низ Ѓорче Петров без сопственик. Зарем треба да имаме жртви во сообрќајот за да се превземе нешто, сигурно и овој измачуван коњ е еден од коњите кои што неконтролирано се движат низ Ѓорче Пертов”

.

На протестот поддршка даде и новинарката Јорданка Ивановска- Јоци која што го откри скандалот со измачувањето на коњот во училишинот двор, тука беше и глумицата Ана Костовска.

Еве за што се протестираше денес :

1. Полиција заштити садист, деликвент кои со денови измачувал коњ, го изгладнувал, чекал да умре во дворот на OУ “Димитaр Пoп Геoргиев Берoвски” вo нaселбa Ѓoрче Петрoв, со цел да со него нахрани кучиња чувани за борби, во дворот на училиштето.
2. Полицијата не го спречи деликвентот да го однесе повредениот, изнемоштен, преплашен коњ, иако ние обезбедивме ветеринар, превоз и понудивме згрижување на животното – напротив, полицијата уште го советуваше да го изнесе од училишен двор, за да не добие можност за пријава и казна. Полицајците беа збунети и телефоните им звонеа десетина пати во една минута. Веруваме дека добивале инструкции како да постапат.
3. Коњот заврши кај монструм и силеџија, иако ние сакавме иможевме да го спасиме, иако и наш адвокат им предочи на полицајците дека лично сведочат на кривично дело мачење на животните, извршено од лице кое чува кучиња за борби, што е уште едно кривично дело. За двете дела согласно Кривичниот закон на РМ се предвидени и казни затвор.
4. Полицијата не ги спречи силеџиите да искажуваат вербално насилство и се закануваат со тупаници на активистите и само молчеа без да за тоа направат записник.
5. Полицијата ги евидентираше активистите, ги фотографираше и нив и нивното возило, што непосредно го толкуваме како обид за притисок. За насилникот кој го мачеше и уби коњот, кој во моментов поседува уште еден коњ кој што треба да заврши како храна на неговите кучиња спремани за борби, не направи ниту записник.
6. Новинарката Ј. Ивановска-Јоци која дојде на самото место за да му помогне на животното и која пишуваше за коњот, преку посредници од џганот деликвенти доби закани по живот.
7. Деликвентот кој има и име и презиме, заедно со своја багра насилници вчера вечер повторно го донесе коњот, овој пат мртов, со врзани екстремитети , мачен и убиен. Полицијата, иако дојде, не постапи во рамките на своите овластувања.
8. Вториот коњ е се уште кај насилникот и прашање е на сати кога ќе биде убиен како и првиот коњ.
Криминалци, насилници, џган се штити во Македонија, наместо хуманоста – Македонија е последниот круг од пеколот за животните!

БАРАМЕ полицијата, Агенција за храна и ветеринарство, општина Ѓорче Петров итно да интервенираат, да ни биде предаден живиот коњ, кучињата врз кои се изживува и кои ги држи за борби, а насилникот да биде зад решетки. Бараме казна за полицајците кои не постапиле соодветно и иако можеле и не го спасиле сега веќе мртвото животно. Бараме недвосмислена заштита на активистите за заштита на животни и новинарката Ј.Ивановска – Јоци, кои беа изложени на притисок пред очите на оние кои се платени да ја гарантираат нивната психо физичка безбедност и интегритет.
Бараме ваквите случки никогаш да не се повторат, а злоставувањето на животните да се третира како сериозен криминален акт и нарушување на безбедноста на сите, и луѓето и животните!

Слични написи

ilija jovanoski glasanje

Јованоски: Повикувам на фер,мирни и демократски избори

Кандидатот за градоначалник Илија Јованоски повика на фер, мирни и демократски избори.