понеделник , 23 октомври 2017
Moto festival Prilep 1

(ФОТО) Се одржа традиционалниот 6-ти „Мото фестивал – Прилеп 2015“

Moto festival Prilep 4
Во чест на роденденот на Мото-клубот „Рисови“, вчера се одржа традиционалниот 6-ти „Мото фестивал – Прилеп 2015“, на кој учество зедоа сите мото клубови од Македонија, како и гости од странство.

Фестивалот започна во 16 часот на Камената бина, каде прилепските моторџии ги пречекаа гостите, а потоа со свеченото дефиле се упатија кон ресторанот „Лаки“, поранешна „Амфора“, каде што се постави камп во кој гостите беа сместени.

Фестивалот беше отворен во 20 часот, со пригодан забавата збогатена со повеќе мото игри, како што се туркање на рака и брзо пиење пиво. Две домашни рок групи се потрудиа сите присутни да имаат добра забава сѐ до раните утрински часови.

Забавата беше од отворен карактер, што значи дека беа добредојдени на мото фестивалот.

Генерален спонзор на мото фестивалот „Прилеп 2015“ е „Бис Оил“ од Скопје, кој на сите мото клубови ќе им додели пригодни награди. Фестивалот го помогнаа и „Прилепска пиварница“, „Витаминка“, „БМ Оил“, „Венеција мебел“, како и повеќемина други спонзори.

Избор: 10без10

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …