петок , 22 септември 2017
srdnoskolci 1000

(ФОТО) СП: Натписи – Средношколци = 1000 денари

srdnoskolci 1000
„Утрово нашите соученици се соочија со црни кампањи пред нивните училишта. Имено, пред гимназијата ,,Јосип Броз Тито‘‘ – Скопје на влезот осамна натпис со спреј кој вели: ‘‘Средношколци = 1000 денари‘‘.

Исто така, нашите другари од Градежниот Училишен Центар ,,Здравко Цветковски‘‘ во нивното училиште прочитаа дека, цитираме: ‘‘ИМА ПАРИ, ИМА МИР‘‘.

Згрозени сме од се што се случува не само вчера и денес, туку во текот на целата недела во која немавме мир. Најостро ги осудуваме ваквите обиди да не оцрнат, исто како и монтажите кои беа направени од страна на извесни медиуми со иста цел. Ја користиме оваа прилика да им се обратиме на сите кои измислуваа дека сме плаќани, оние кои не заклучуваа и понижуваа, оние кои намерно не сакаа да не транспортираат до Градскиот Парк, и да им кажеме:

flaer srednoskolci

Кои и да сте, што и да сте, НАШАТА СОВЕСТ Е ЧИСТА, и ние мирно спиеме. Но, дали сите вие го можете истото, знаејќи дека врбувате деца, деца кои со сета своја младост сакаат да променат нешто во ова наше труло општество? Баталете ги сите монтажи, клучеви на врата, црни и крајно понижувачки капмањи и погледнете малку подалеку од носот, погледнете го нашиот бел образ на кој постојано удирате шлаканици. Сепак, ниедна од тие шлаканици нема да успее да стави дамка на ниту еден од нас, а камо ли на целиот пленум. Прифатете веќе еднаш дека оние што храбро ви пркосат се само деца, само средношколци со основани и аргументирани барања. Дали можеби тоа што одбивате да го прифатите ова зборува нешто за вас? Господа, госпоѓи, госпоѓици, соученици, КОИ И ДА СТЕ, ако вие не сте доволно храбри да кажете НЕ за уништувањето на образованието и ако не сте способни да испуштите крик на незадоволството, не ви дава за право вака да се срамите. Гневни сме на сите обиди да не извалкате, но запомнете една работа: СЕ ВАЛКАТЕ САМИТЕ СЕБЕ!“, велат од средношколскиот пленум.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …