вторник , 24 октомври 2017
banksiizlozba-685x320

ФОТО+ВИДЕО: Кога славниот Банкси го видел „Скопје 2014“?

banksiizlozba-685x320Банкси, светски познатиот графити уметник, кој денеска ја отвора својата голема изложба, во близина на неговиот роден град Бристол, во Велика Британија, во своите нови дела има елементи кои потсетуваат на главниот град на Македонија, односно на контроверзниот, критикуван и исмејуван во голем број странски медиуми, проект „Скопје 2014“.

На социјалните мрежи во земјава веќе се дискутира дали славниот Банкси го посетил нашиот град и се инспирирал за својата изложба насловена „Дизмаленд“ (Dismaland).

Најсилен аргумент за ваквото тврдење е мотивот што личи на македонското знаме, во кое е обоен еден од објектите на морничавиот „Дизниленд“ на Банкси.

banksiizlozba2

А во него и скулптура на коњ, во многу слична поза како онаа на македонскиот „воин на коњ“, панорамско тркало и палми, токму како и во Скопје 2014.

banksiizlozba3

Освестувачко, урнебесно, најмногу од се’ – шокантно – вака медиумите го опишуваат овој тематски парк.

banksiizlozba1

Бродови со мигранти, облакот на Хирошима, места за сликање „селфи“, Пепелашка загината во сообраќајна несреќа, балони со хелиум на кој пишува „јас сум имбецил“ – силна критика на она што денеска значи западната цивилизација и поп култура.

Организаторите велат дека оваа изложба нуди бегство од безумниот ескапизам на современото општество.

banksiizlozba5

Освен оригиналните дела на Банкси, во овој „забавен“ парк се наоѓаат и дела на неколкумина светски познати уметници како Демијан Хрст, Џени Холцер и уште 50 тина други, според интернет страницата за оваа изложба, секој петок таму ќе настапуваат „DJ Yoda“, „Pussy Riot“, „Massive Attack“, како и неколку познати комичари.

Изложбата се најавува како парк за уметност, забава и почетно ниво на анархизам.

banksiizlozba

Банкси е псевдонимот на британскиот графити уметник, кој и покрај светскта слава што ја стекна со политички првокативните дела, се уште не го открива својот идентитет.

Изложбата ќе биде отворена до 27 септември.

Слични написи

bela nik

„Бела ноќ“ во Скопје

Годинешново 13. издание на манифестацијата „Бела ноќ“, што  ќе се одржи утре, ќе има квалитетна …