сабота , 23 септември 2017
frodem(5)

ФРОДЕМ: Државата не смее на едни да им е мајка, а на другите маќеа

„Револуционерната борба денес се води преку борбата за демократија, за слободи и права, за животен стандард, за меѓусебно разбирање, спокојство и заедничка среќа. По овој повод ФРОДЕМ потсетува дека успешна, современа држава е онаа во која секој граѓанин си го наоѓа своето место и се вградува во нејзиниот напредок. Но, заедничкиот живот подразбира права, а не само обврски. Човекови, економски и социјални права. Државата не смее на едни да им е мајка, а на другите маќеа. Државата секогаш е една, а политичките погледи се различни. Затоа, да бидеме единствени, а различни. Да бидеме демократи. Како луѓе, пред се, но и внатрепартиски и меѓупартиски. Само такви може да успееме. Само така може да имаме држава од која наместо да се бега, секој ќе сака да остане и да живее пристоен живот под македонското сонце“, се вели во денешното соопштение на партијата.

„Македонија тешко се избори за својата државност. Многумина го дадоа својот живот за слободата. Духот на револуционерната борба беше да бидеме свои на своето, а историските и социјалните правдини да победат. И победивме. Но победите не се вечни, и историскиот од не е секогаш праволиниски, и само напред. Нашата историја познава многу застои, празни одови, назадувања и непотребни крвави пресметки.

Сега сме заглавени во клучен период на застој и назадување. Лошото раководење со државата доведе до масовно иселување, низок стандард, сиромаштија, масовна повреда на правата, голем криминал и брутална пресметка со неистомислениците. Се создаде режим. На сите совршено ни е јасно е каде треба да се бара одговорноста. Но, не треба да заборавиме дека во дозволувањето да се појави режимот учествувавме сите ние останатите. Со нашата пасивност, расцепканост и неорганизираност, и со лошата навика партизираната држава да ни ги решава сите животни прашања.

Исто така, совршено е јасно дека во секое современо општесто одговорноста на опозицијата е огромна. Повеќегодишниот неуспех на парламентарната опозиција да спречи создавање режим е многу опасно за една млада демократска држава. Режимот со својата ригидност и пресметки насекаде создаде опозиција. За жал, таа расцепкана опозиција, од левицата, и од десницата, иако имаше повеќе гласови на изборите, не доведе до пад на режимот. И покрај нерегуларноста на избори опозицијата повторно вкупно имаше повеќе гласови и пак не успеваше да го победи режимот. Расцепканоста го одржуваше режимот. Парламентарната опозиција доживуваше серија неуспеси, и индивидуално и во координирањето со опозициските сили, за пад на режимот.

Затоа во пресрет на парламентарни избори закажани за 11 декември треба да се извлечат конкретни поуки. Времето е кратко. Поправен испит нема. Јасни се аналитичките показателите каков треба да е патот до победата и падот на режимот наспроти повредената суета на одредени партиски лидери и нивните индивидуални егоистички математики. Одговорноста е огромна како кај централно-десничарскиот блок така и кај најголемиот опозиционен блок предводен од СДСМ. Затоа, природно е заедничката антирежимска борба, но уште поприродно е секој блок да се обрати до своето гласачко тело, како нашиот центално-десничарски, така и левичарскиот блок. Волјата и определеноста на опозиционите центро-десничарски гласачи е сосема јасна.

Затоа, секој погрешен чекор, судир на суети, изнасилени калкулации, писма со кој се бара цепкање на централно-десничарскиот блок и формирање друг блок, може да ја доведе во прашање победата и гласачката волја на мнозинството опозиционо ориентирани граѓани“, додаваат од ФРОДЕМ.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …