вторник , 26 септември 2017
frodem

ФРОДЕМ со поддршка за средношколците

frodem
Пред сè би сакале да ја истакнеме нашата восхитеност од начинот на кој неуморно се борите кон остварување на вашите искрени цели. Сè што вие барате е да имате образование какво што заслужувате, но власта не само што тоа не ви го овозможува, туку и наметнува лоши реформи кои дополнително го уназадуваат.

Нас нè восхитува тоа што иако сте толку млади, кај вас постои огромна волја да се изборите за вашите права и за вашата иднина. Од друга страна, демонстриравте зрелост и ги детектиравте слабостите на образованиот систем. Во време кога во нашата држава владее непотизам, корупција и апатија, вие одбравте да се борите и да не се предадете. И покрај сите притисоци и закани, вие излеговте на улица и го кренавте вашиот глас.

Клучните застранувања на власта во процесот на менување на образовниот систем, се поврзани со екстерното оценување. Промените што во последно време се наметнуваат, го влошуваат системот со воведување на решенија коишто или се најлошите што некаде се среќаваат, или воопшто никаде не се сретнуваат. Тоа се однесува во прв ред на санкционирањето на учениците и наставниците, врз основа на оценките добиени при екстерното оценување. Воведените санкции за наставниците и рангирањето на училиштата според постигнувањата на учениците на екстерното оценување, не се во согласност со меѓународните препораки и непотребно го оптоваруваат образовниот систем, предизвикувајќи незадоволство кај учесниците во образовниот процес. Конечната оценка треба да ја одреди наставникот.

Суштински проблем со којшто се соочува практичната реализација на наметнатото екстерното оценување е следниот: како критериум за квалитетот на образованието, не може да се земе една единствена мерка, затоа што таквата проверка дава само ограничена информација за постигнувањата на ученикот и ако се употребуваат прашалници со заокружување на еден од повеќе одговори, тогаш се појавуваат дополнителни проблеми, поради тоа што на таков начин не можат да бидат оценети сознајните вештини од повисоко ниво.

Треба да се почитува главната цел на екстерното оценување, а тоа е да се утврди колку добро учат учениците во образовниот систем, дали има докази за особени силни и слаби страни во знаењата и вештините на учениците, дали посебни подгрупи од населението имаат послаби резултати, кои фактори се поврзани со постигањата на учениците, дали се постигнуваат државните стандарди во обезбедувањето на ресурси и дали постигнувањата на учениците се менуваат со тек на времето.

Жалосно и за секоја осуда е што владејачката партијата врши притисок врз родителите на децата, врз класните раководители, што директорите ги затвораат училиштата и под присила не им дозволуваат на учениците да ги напуштат училиштата за време на протестот, за да ја спречат масовноста, а со тоа го кршат уставно загарантираното право на протест. Жално е што инспектори, за време на протестите, влегуваат на часови за да контролираат колкава бројка на ученици се отсутни, додека тие што протестираат, полицијата ги следи како да се терористи.

Недозволиво е носењето на закони кои ги таргетираат средношколците, без да ги консултираат, а дури и по изразеното јавно несогласување, тие повторно да протнуваат нови, уште полоши закони, без да имаат било каков допир со реалната ситуација и реалните потреби во образованието.

ФРОДЕМ се залага за поквалитетно образование, со нови стратегии за подобри услови на настава и поставување на ученикот во центарот на вниманието. На младите е иднината е поговорката која многумина ја заборавија, а ние сакаме да ја ставиме во центар на интересите на граѓаните и властите. Човекот, младите, нивниот просперитет и професионален развој во сопствената држава е темелот врз кој е формирана платформата на ФРОДЕМ.

За таа цел, сакаме да ви укажеме дека ФРОДЕМ одлучно застанува зад вас, максимално и безусловно ве поддржува во вашите цели, и ви стои на располагање за било каква соработка и помош во поглед на вашите легитимни барања и ставови.

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …