недела , 24 септември 2017
migrantigrchke-540x320

Фронтекс праќа 600 гранични полицајци во Грција

migrantigrchke-540x320Европската агенција за управување со надворешните граници (Фронтекс) ќе испрати 600 гранични полицајци во Грција, објави „Катимерини“.

Се планира Фронтекс да испрати уште вкупно 775 полицајци во Грција и Италија, што е најголемиот трансфер на полициски сили во историјата на организацијата.

Вработените ќе се занимаваат главно со регистрирање на бегалци и ќе ги набљудуваат копнените и морските граници на двете земји.

Операцијата во Грција ќе се вика „Посејдон“, а во Италија „Тритон“.

Во Грција граничните полицајци ќе бидат распределени на пунктовите за регистрација и идентификација на странци.

– Од почетокот на годината, во Грција и Италија пристигнале над 470 илјади мигранти. Ниту една држава не може сама да се справи со таков притисок на надворешните граници. Од исклучително значење е да обезбедиме сите кои влегуваат во Европската унија, да бидат идентификувани и регистрирани, изјави директорот на Фронтекс Фабрис Леџери.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …