недела , 22 октомври 2017
forum-slobodnoumniPatrioti (1)

ФСП со јавен повик до членовите на ВМРО ДПМНЕ

„Со оглед на фактот дека актуелното раководство одамна не го интересира членството и Партијата, а тоа го докажува со смешната коалиција со Сојузот на Титови леви сили, менување на партиските бои со боите на Сојузот на Титови леви сили, со ставање на листи на луѓе кои се осомничени за тешки кривични дела, со гласањето за амнестија на злосторства против човештвото итн., Форумот на слободоумни патриоти ве повикува во периодот што претстои, па се до 11 декември кога се одржуваат предвремените парламентарни избори на огранизиран бојкот на настаните и митинзите на врхушката. Доста не игнорираа и не користеа само кога им требавме, за избори.

Исто така Ве повикуваме на БОЈКОТ на денот на избори, т.е. да не одите и да не гласате. Само со бојкот можеме да им покажеме дека нема повеќе да дозволиме да не понижуваат. Притоа, свесни дека некои од вас ќе бидат под жесток притисок да одат и да гласаат, па доколку мора да излезете и да гласате одете и поништете го ливчето.

ВМРО ДПМНЕ и после 11 декември ќе биде силна партија, но не со лица кои се осомничени за тешки кривични дела во нејзиното раководство“, се вели во соопштението на Форумот на слободоумни патриоти.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …