недела , 24 септември 2017
forum-slobodnoumniPatrioti (1)

ФСП со проглас за спас на ВМРО-ДПМНЕ

forum-slobodnoumniPatrioti (1)
„25 години потоа, од местото каде што почна се, ул. Горноврановска бр. 122, ние долупотпушаните основачи и членови на ВМРО ДПМНЕ обединети во Форумот на слободоумни патриоти, после денешниот состанок го испаќаме следниот

 ПРОГЛАС  ЗА СПАС НА ВМРО ДПМНЕ

  1. ВМРО ДПМНЕ не е актуелната врхушка која ја има узурпирано партијата за свои лични цели и лични интереси! ВМРО ДПМНЕ е идеа која живее во срцата на многу Македонци!
  2. ВМРО ДПМНЕ мора да остане симбол на Македонското национално единство, доста беа поделбите на народот и оцрнување на поединци;
  3. Како  демо-христијанска   партија   ВМРО   ДПМНЕ   мора   да   биде   гарант   за социјалната и економската правда, за почитување на семејните вредности!
  4. ВМРО ДПМНЕ мора да ги гарантира целосните граѓански права и слободи и непречено владеење на правото и правната држава!
  5. Тоталитарното раководење на ВМРО ДПМНЕ мора да прекине, во партијата мора да се врати демократијата и демократските вредности согласно основните цели за кои е формирана;
  6. Актуелното раководство мора да сноси одговорност за случувањата во партијата и нејзиното разнебитување!
  7. Потребна е итна промена на составот на Извршниот и Централниот комитет на партијата!
  8. Да прекина злоупотребата на ветераните и основачите на партијата!
  9. Потребно е возобновување на Унијата на ветерани  како  единствено  тело кое согласно Статутот на партијата ќе ги застапува основачите и ветераните!
  10. Итно е потребно враќање на интелектуалното крило во партијата, потребно е возобновување на КСИО и Советот на интелектуалци!
  11. Полтронството мора да прекине, ВМРО ДПМНЕ мора да се врати на идологијата заради која е формирана!
  12. Итно е потребно одржување на вонреден партиски Конгрес, транспарентен избор на делегати и соодветна застапеност и почитување на основачите и ветераните!
  13. На ВМРО ДПМНЕ итно му е потребна нова платформа и програма за политичко делување!
  14. Потребно е итно да се избере партиски Потпретседател!
  15. Потребна е реформа и кадровски промени во партиските комисии кои треба да обезбедат конзистенстност на партиските политики на долг рок.
  16. Потребно е  да  се  изберат  и  јавно  да  се  објават  членовите  на  Статутарната комисија и Надзорната комисија за финансико-материјално работење!
  17. ВМРО ДПМНЕ мора да се врати на членството, месните и општински комитети!
  18. ВМРО  ДПМНЕ  мора  да  биде  гарант  за  Евро-атланскиот  пат  на  Република Македонија!
  19. Веднаш да заврши прогонот на луѓето кои ја бранеле Македонија и кои не се штеделе кога најмногу и биле потребни на татковината!

Нашето чедо ВМРО ДПМНЕ, она истото за кое многу се боревме и страдавме денес е узурпирано и злоупотребено од луѓе со сомнителна идеологија и од луѓе кои веќе неколку пати извршиле предавство на партијата. Браќа и сестри, кога имавте храброст во 1990 година да застанете и да се борите, застанете и сега, застанете со нас и борете се за спас на нашето чедо, борете се за спас на ВМРО ДПМНЕ, борбата продолжува!

Заколнати за четирите свети букви, заколнати за Македонија! Слобода или смрт за Македонија“, се вели во соопштението на Форумот на слободоумни патриоти.

potpisaniFSP

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …