четврток , 19 октомври 2017
barsa real

Фудбалскиот клуб Барселона од денес почнува со штрајк

Фудбалскиот клуб Барселона најави дека ќе го поддржи штрајкот во Каталонија кој ќе се одржи поради полициската бруталност на референдумот за независност.

Од Барселона информираат дека ниту еден спортски дел од организацијата нема да работи, почнувајќи од најмалите категории, до сениорите. Тука спаѓаат и останатите спортски секции како кошаркарската и ракометната.

„Поминуваме низ важен историски момент и се повеќе сме посветени кон слободата на нашата земја. Многу сме посветени на Каталонија и тоа ќе го покажеме со сите средства со кои располагаме. Се солидаризираме со жртвите од нападите и со оние кои застанаа во одбрана на демократијата“, изјави претседателот на Барса, Бартомеу.

Слични написи

iniesta

Иниеста потпиша доживотен договор со Барселона

Андрес Иниеста потпиша уникатен договор со Барселона, кој има доживотна важност. Ова е посебен начин …