петок , 22 септември 2017
skenderovski-615x400

Футсал – спектакл: Рикардињо доаѓа во Скопје

Ждребот во Нион за квалификациите за Европското првенство во футсал не беше наклонет за македонската репрезентација. Иван Божовиќ ќе мора да ги подготви добро своите избраници со оглед на тоа дека наредната година (3-12. април) ќе разигруваат против силните селекции на Казахстан која е и домаќин на групата како и Чешка.

Поранешниот селектор, а сега директор на националниот тим, Васко Скендеровски верува во квалитетите на актуелниот селектор, но за успешни квалификации потребни се силни проверки.

„Добивме една релативно тешка група на прв поглед, ако се има предвид фактот дека домаќин и носител на групата е репрезентацијата на Казахстан, третопласирана од последното ЕП кое се одржа оваа година во Србија. Исто така и Чешката репрезентација беше учесник на Европското првенство, така да нè очекува ни малку лесна задача ако сакаме да оствариме пласман на следното Европско првенство кое ќе се одржи во Словенија од 30-ти Јануари до 11-ти Февруари 2018 година во Љубљана. За таа цел мораме добро да се подготвиме и да одиграме неколку силни контролни натпревари во периодот кој следи. Мислам и истовремено убеден сум дека Селекторот Божовиќ добро ќе го подготви националниот тим и ќе го задржи континуитетот на добри резултати и настапи во Квалификациите за пласман на ЕП. Јас сум оптимист и мислам дека ќе ја оствариме целта, а тоа е најпрво освојување на второто место во групата 6, а потоа преку бараж да бидеме една од 12-те земји учеснички на континенталниот собир во Словенија“ – вели Скендеровски.

Репрезентацијата во футсал ќе одигра силни пријателски натпревари пред натпреварите од квалификациите. Во декември во Македонија ќе гостуваат селекциите на Португалија и Хрватска. Ова воедно ќе значи дека македонската публика ќе може да го види на дело најдобриот футсал-играч во светот во моментов, Португалецот Рикардињо.

„Јас како директор на репрезентацијата успеав преку моите долгогодишни пријателства со селекторите и тим менаџерите на неколку врвни репрезентации да договорам неколку пријателски натпревари и турнири. Македонските љубители на футсалот и спортот воопшто, ќе имаат можност да го гледаат најдобриот футсал играч во моментов на планетата, Рикардињо во декември месец оваа година во ВИП арената во Скопје. Со мојот долгогодишен пријател, селекторот на Португалија, Хорхе Браз, како и со селекторот на Хрватска, Мато Станковиќ, договоривме турнир на три нации кој ќе се одржи од 5. до 7. декември во Скопје. Ете покана до сите љубители на спортот да дојдат и да уживаат во мајсториите на Рикардињо“ – открива Скендеровски.

 

За темпирање на формата и одржување на истата избраниците на Божовиќ ќе одиграат уште еден турнир против селекциите на Унгарија, Романија и Хрватска.

„Исто така пред почетокот на Квалификациите кои ќе се одржат во месец Април во Астана (Казахстан), Македонија ќе биде домаќин на уште еден силен турнир кој планирам да се одигра во Велес, а каде што учество ќе земат Унгарија, Романија и повторно Хрватска. Брзо ја прифатија мојата покана селекторите на Унгарија Сито Ривера, на Хрватска Мато Станковиќ и Директорот на Романската репрезентација г-динот Вали Јонита. Овој турнир ќе се одржи во периодот од 12-15 Март во Велес.
Сите овие подготвителни натпревари се надевам дека ќе ја подигнат формата на нашата репрезентација пред престојниот Квалификациски турнир во Казахстан на потребното ниво” – заврши Скендеровски.

И УЕФА МОЖЕ ДА ПОГРЕШИ

Пред денешната ждребка беше поделена најновата ранкинг листа на која очигледно беше направена грешка во однос на коефициентот кој македонската репрезентација го доби за последниот настап на Квалификациите за СП кои се одржаа во Бари во Декември минатата година. Само за потсетување, Македонија оствари две победи против Словачка и Молдавија и забележа еден пораз од домаќинот Италија. За тој резултат Македонија требаше да добие коефициент од 2,333, а од листата јасно може да се забележи дека и доделен коефициент 1,000, како да не освоила ниту еден бод на турнирот. После укажувањето на Директорот на репрезентацијата Васил Скендеровски, УЕФА ја призна грешката, иако суштински повторно Македонија останува во третиот шешир, но две места погоре, т.е. 18-ти на УЕФА ранкинг листата.

ранг футсал

Слични написи

elif-elmas-701x495

ФИФА: Фенербахче може да го регистрира Елмаз

ФИФА ја прифати апликацијата што Фенербахче ја поднесе за трансферот на македонскиот репрезентативец Елиф Елмаз, …