среда , 26 јули 2017
g20 1

Г20 – разгорување на огнот

Нередите кои го следеа самитот Г20 нè потсетија колку Германија е ефикасна во организирање полициска држава: оклопни возила, водени топови, облак солзавец и пендрек во лицето на секој што ќе ѝ се најде на пат на полицијата. На припадниците на британската политичка класа која по катастрофата во зградата Гренфел сè понервозно реагира на уличните собири и марксистичките идеи, сцените од Хамбург во пламен не ѝ делуваа смирувачки. Настаните во Хамбург покажуваат дека гневот кој тлее и се шири во западните општества станува системски ризик.

Вестите кои се менуваат се толку драматични, што ги забележуваат и оние кои политиката не ги интересира: Brexit, победата на Доналд Трамп, нередите на Беркли по повод гостувањето на Мило Јанопулос, терористичките напади во Франција, Германија и Британија; подемот на Националниот фронт и цунамито на Макрон; дебаклот на Тереза Меј… историјата на која присуствуваме не полага многу на стабилноста.

Ако глобалната елита се држеше до стратегијата зацртана на последниот собир на Г20 во Хангжоу, можеби нередите во Хамбург немаше да се случат.Ако глобалната елита се држеше до стратегијата зацртана на последниот собир на Г20 во Хангжоу, можеби нередите во Хамбург немаше да се случат. Меѓутоа, за само една година, ставовите на политичарите и банкарите кои ги донесуваат најважните одлуки се променија барем на два начина.

Прво, централните банки најавија нов циклус на „стегање на појасот“, што подразбира отстапување од ниските каматни стапки и финансиските инјекции кои ја одржуваа светската економија во живот од 2009. Тоа значи дека френетичната активност на берзите и кредитните пазари наскоро би можела да запре.

Минатата година, гувернерот на Англиската банка, Марк Карнеј, ги уверуваше министрите за финансии на Г20 дека централните банки можат да направат многу повеќе – ако им биде дозволено – ако политичарите обезбедат време потребно да се пронајде нов светски економски модел. Но нов модел нема на повидок. Наместо тоа, со победата на Доналд Трамп е загрозен и самиот консензус за глобализацијата.

Тоа нè доведува до втората голема промена во Хамбург: на полето на трговијата. Една од главните причини за формирање на групата Г20, која прпват се состана во 2008, беше полагањето на заедничка заклетва дека на финансиската криза нема да се реагира со протекционистички мерки. Но, како што забележува професорот Сајмон Еверет, експерт за трговија, тоа ветување „од денот на усогласување се кршеше на секои 13 часа“, зашто владите на тие земји во меѓувреме усвоија 5.886 нови трговски рестрикции.

Вообичаените клишеа за противењето на „сите обилици на протекционизам“ се заменети со формулацијата дека треба „да се бориме против протекционизмот, вклучувајќи и нефер трговски практики, со уважување на улогата на легитимните одбранбени мерки во трговијата“. Тоа е слично на разликата помеѓу изјавата „војната е зло“ и „ако соседите започнат војна, бомбардирањето на нивната престолнина е легитимен чин на самоодбрана“.

Уште една неволја со надоаѓачката трговска војна е реториката во која зборовите се секогаш многу поостри од делата. Вие ни ја „уривате“ цената на челикот, вие мамите, затоа го забранивме увозот на вашиот бурбон – тоа е тонот кој преовладува. И така, свртувајќи се кон „легитимните одбранбени механизми“ државите ја зголемуваат количината на гнев во светот.

Трамп и Владимир Путин имаат јасна пресметка: колку е пожесток бесот на нивните поданици насочен кон странски земји, производи и луѓе, толку помала е веројатноста дека дома ќе им приредат некоја локална верзија на хамбуршките протести.Трамп и Владимир Путин имаат јасна пресметка: колку е пожесток бесот на нивните поданици насочен кон странски земји, производи и луѓе, толку помала е веројатноста дека дома ќе им приредат некоја локална верзија на хамбуршките протести. И Виктор Орбан во Унгарија даде придонес за растечкиот глобален гнев така што ја облепи Будимпешта со плакати на кои Џорџ Сорос се претставува како непријател на унгарскиот народ.

Се наоѓаме во онаа фаза на глобалната политика кога надоаѓачкиот бес може да се насочи на два начина: на ривалските држави, како и на институциите од кои очекуваме да обезбдат владеење на правото.

Во Британија нè бомбардираат со молби да го контролираме својот бес: од лабуристичките парламентарци кои стравуваат од членовите на сопствената партија, преку ториевското водство кое се плаши од сопствените пратеници, до колумнистите кои ламентираат над непристојниот тон на дебатата за тоа зошто толку многу сиромашни настрадаа во пожарот во зградата Гренфел.

Пред да се придружам на нивните молби, сакам да нагласам колку е важно да го сфатиме потеклото на гневот во светот денес. За луѓето без економска моќ секојдневниот живот е принуда која нема крај. Морате да чекате во ред за социјална помош, за лекарски преглед, за операција, за совет за станбено згрижување. Не смеете да ја покажете својата фрустрација, никогаш, зашто веднаш ќе се најдете на удар на формалните санкции. За работниците на најпрекарните работи постои и дополнителен скриен систем на казна и принудна прекувремена работа, додека на нивните шефови им е допуштено да глумат мал Путин, Трамп или Орбан. Во Британија сè уште преовладува впечатокот дека животот се одвива уредено и во склад со правилата: но дотолку повеќе постапките на луѓето, кога еднаш ќе го изгубат трпението, ќе бидат помалку предвидливи.

Најефикасен противотров за гневот е демократски политички систем кој овозможува изразување на несогласувањето, кој брзо реагира на суштинските проблемиНајефикасен противотров за гневот е демократски политички систем кој овозможува изразување на несогласувањето, кој брзо реагира на суштинските проблеми и развива силни локални мрежи кои на луѓето им пружаат чувство на политичко зајакнување. На бесот кој се тркалаше по улиците на Хамбург, групата Г20, меѓу членки се наоѓаат и два школски примери на диктатура и барем уште четири држави со кои управуваат корумпирани автократи – одговори со соопштение во кое се набројува сè, од правото на вода до резистентните бактерии. Сè, освен демократијата.

Затоа, додека ги оплакуваме аудијата запалени во Хамбург, да се обидеме да направиме нешто летото на британското незадоволство под водство на Тереза Меј да помине во мир. Да се сетиме дека од заедничката фотографија на учесниците на собирот Г20 нè гледаат петмина најозлогласени политички лидери на денешницата: Нарендра Моди, Путин, Трамп, Реџеп Таип Ердоган и Си Џипинг. Салман од Саудиска Арабија имаше поважна работа – ја рушеше владата на една соседна земја.

Извор: The Guardian, 10.07.2017.

Слични написи

Germany

Речиси половина од невработените во Германија се странци

Речиси половина од невработените во Германија се граѓани со т.н. миграциска заднина, а повеќе од …