недела , 24 септември 2017
bajram gabriel

Габриел Бајрам: Демантирам било какво мое незаконско дејство во Собранието

По вчераобјавениот текст на порталот, Габриел Бајрам, син на пратеникот Амди Бајрам испрати демант до редакцијата во кој се вели:

Во врска со написот на сајтот Револуционер од 30.04.2017 година со наслов “Габриел Бајрам, син на пратеникот Амди, дел од групата која го демолираше автомобилот на Зоран Заев”, сите информации во написот ги отфрлам и реагирам дека истите се невистинити и неточни.

Точно е дека бев во кругот на Собранието и во внатрешниот дел но не правев ништо што е спротивно на Законот, сигурен сум во тоа. Моето присуство таму се должи на нарушената здравствена состојба на мојот татко, кој ми се јави и ме извести за нередите во Собранието и бев да го извадам од таму и да го однесам во болница поради тоа што е корисник инсулинска терапија и има потешкотии во движењето. Жалам за повредените пратеници и им посакувам поскоро опоравување. Без разлика на различните политички гледишта, јас Габриел Бајрам не поддржувам насилство и упад на државни институции и напад на пратеници од било која политичка опција…

Барам од сајтот да се извини и да ја повлече информацијата каде што се споменува моето име, бидејќи истата е неточна и ја сметам за клевета.

Доколку сајтот РеволуционерМк не постапи по моето барање, истиот во иднина ќе се соочи со пријава за клевета до надлежните институции.

Со почит,
Габриел Бајрам

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …