вторник , 24 октомври 2017
gabriel bajram

Габриел Бајрам, син на пратеникот Амди дел од групата која го демолираше автомобилот на Зоран Заев

Според изјави на очевидци, Габриел Бајрам, син на пратеникот и коалиционен партнер на ВМРО-ДПМНЕ е еден од насилниците кои што учествуваа во насилното влегување во Собранието на Република Македонија, на 27 април. Според објавени видео материјали на неговиот ФБ профил Габриел Бајрам исто така е учесник во демолирањето на автомобилот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

По добиениот совет од неговиот татко Амди, Габриел ги избришал објавените видео и фото материјали од неговиот ФБ профил.

демолиран

Според некои информации дел од видеата се складирани од лица блиски до опозицијата, и стојат како доказ против Габриел.

Во јавноста за Габриел последно беше пишувано по применувањето сила врз вработен од УЈП, во при обидот на службеникот од УЈП да направи проверка на автопералната во ГТЦ која е во негова сопственост, инаку Габриел е познат сторител на кривични дела, беше дел од демолирањето на кафулето “Мое место” во Дебар Маало за што МВР имаше и распишано потерница по него.

Во текот на денешниот ден стигна демант од Габриел Бајрам кој што можете да го прочитате во продолжение:

“По вчераобјавениот текст на порталот, Габриел Бајрам, син на пратеникот Амди Бајрам испрати демант до редакцијата во кој се вели:

Во врска со написот на сајтот Револуционер од 30.04.2017 година со наслов “Габриел Бајрам, син на пратеникот Амди, дел од групата која го демолираше автомобилот на Зоран Заев”, сите информации во написот ги отфрлам и реагирам дека истите се невистинити и неточни.

Точно е дека бев во кругот на Собранието и во внатрешниот дел но не правев ништо што е спротивно на Законот, сигурен сум во тоа. Моето присуство таму се должи на нарушената здравствена состојба на мојот татко, кој ми се јави и ме извести за нередите во Собранието и бев да го извадам од таму и да го однесам во болница поради тоа што е корисник инсулинска терапија и има потешкотии во движењето. Жалам за повредените пратеници и им посакувам поскоро опоравување. Без разлика на различните политички гледишта, јас Габриел Бајрам не поддржувам насилство и упад на државни институции и напад на пратеници од било која политичка опција…

Барам од сајтот да се извини и да ја повлече информацијата каде што се споменува моето име, бидејќи истата е неточна и ја сметам за клевета.

Доколку сајтот РеволуционерМк не постапи по моето барање, истиот во иднина ќе се соочи со пријава за клевета до надлежните институции.”

Со почит,
Габриел Бајрам

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …