среда , 26 јули 2017
s8

Galaxy Note 8 доаѓа порано од очекуваното!

Galaxy S8 беше критичен уред за Samsung поради својот изглед и спецификации, но, за среќа, со голема популарност. Пролемот е што таа популарност многу брзо почна да опаѓа..

Изгледа дека продажбата на S8 опаѓа побрзо од очекуваното. Во последниов месец, биле продадени само 9.8 милиони единици, додека од минатогодишниот S7 биле продадени 12 милиони за истиот период.

Токму поради тоа, стратегијата на компанијата е да го претстави Note 8 порано од очекуваното, односно на почетокот од септември. Овие информации доаѓаат од твитерџијата Evan Blass, кој прво сметаше дека продажбата на уредот ќе започне при крајот на септември, ако не и подоцна.

Другата причина за поранетото претставување, е поочигледна. Сигурно сте запознаени со толку зборуваниот iPhone 8. чие најававување е закажано за септември, па токму поради тоа, Samsung мора да ја припреми неговата конкуренција.

Слични написи

silicone-heart

ВИДЕО: 3Д печатено силиконско срце бие како вистинско

Напредните техники за 3Д печатење со кои се произведуваат меки роботи и машини во иднина …