четврток , 19 октомври 2017
georgievski061017

Георгиевски вети обнова на домовите за култура во Гази Баба

Обнова и повторно враќање во функција на Домот на културата „11 Октомври“ во Гази Баба, вети денеска кандидатот на СДСМ за градоначалник на оваа општина, Борис Георгиевски.

– Ќе го вратиме на граѓаните Домот на културата кој претставуваше еден белег на нашата општина во минатото. Ќе ги обновиме и направиме повторно функционални и Домот на културата Димитар Влахов во Автокоманда и оние во Маџари и Трубарево, како и домот на потегот Колонија-Идризово. Граѓаните на Гази Баба заслужуваат да имаат места со кои ќе се гордеат. Заслужуваат места за културно – уметнички манифестации и општествен напредок на своите деца – порача тој.

Слични написи

ilija jovanoski glasanje

Јованоски: Повикувам на фер,мирни и демократски избори

Кандидатот за градоначалник Илија Јованоски повика на фер, мирни и демократски избори.