вторник , 24 октомври 2017
germanskiminister

Германија ја забрани радикалната исламска организација „Вистинска вера“

Германскиот министер за внатрешни работи Томас Де Мазиер во вторникот го забрани дејствувањето на радикалната исламска организација „Вистинска вера“, која во германската јавност е позната по делењето на бесплатни примероци од светата книга Куран низ германските градови.

 

Според Де Мазиер, оваа организација ги радикализирала младите и ги регрутирала за терористичката организација „Исламска држава“, пренесуваат светските агенции.

 

„Ова е јасна порака дека во нашето општество нема место за радикални и насилни исламисти“, изјавил Де Мазиер во вторникот, по завршувањето на рацијата во просториите и џамиите на организацијата „Вистинска вера“, која го пропагира ортодоксниот облик на исламот – салафизам.

 

„Забраната е насочена против оние кои ги шират екстремистичките идеи и поддржуваат терористичките организации“, рекол германскиот министер, објаснувајќи дека низ акцијата „Читај“, за време на која активистите на „Вистинска вера“, преку делењето на бесплатни примероци од Куранот на пешачките зони низ германските градови врбувале околу 140 млади кои потоа отпатувале да се борат на страната на „Исламска држава“.

 

На чело на „Вистинска вера“ е палестинскиот бегалец Ибрахим Абу Нагие, кој во меѓувреме стана и германски државјанин, а против него во минатото се водени неколку истраги поради ширење на верска омраза и повици за насилство.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …