недела , 20 август 2017
germanija-grcija-znaminja-540x320

Германскиот институт за светска економија: Грција веќе тешко се спасува

Германскиот институт за светска економија предупредува дека „Грција веќе тешко се спасува“, истакнувајќи дека земјата ги губи последните „сојузници“ во Германија поради немоќта на грчката Влада да ја спроведе третата спасувачка програма, пишува „Имерисија“.

Германските економисти го определуваат како „фрустрирачки“ ефектот од досегашното исполнување на третата програма, предвидувајќи дека ќе има и четврта спасувачка програма за Грција, заедно со едно „остварливо“ решение за проблемот со грчкиот долг.

За да не се случи тоа, грчката Влада во рамките на оваа година треба да ја спроведе, „без повеќе одложувања“, постоечката програма со реформи, на тој начин што „на крајот на програмата“ ќе усвои едно „директно или индиректно кратење на долгот“.

Потоа ќе биде неопходна една „нова програма без надзор од типот на ММФ. Таа ќе биде по линија на Европскиот стабилизациски механизам, што сепак ќе е само грчка сопственост“, прогнозираат економистите.

Слични написи

timthumb (31)

Уапсен бизнисменот Бенџамин Штајнмец

Милијардерот Бенџамин Штајнмец, кој е сопственик на низа компании во земји на Балканот, меѓу кои …