вторник , 26 септември 2017
iskra

Гешоска : Kaтица Јанева ќе биде стоичкиот носител на промената во клучните општествени и политички парадигми

      Kaтица Јанева е прекрасна, истрајна, посветена, стамена и доблесна жена. Од првиот ден на нејзиното стапнување на македонската политичка гладијаторска арена, немав сомнеж дека главниот столб на СЈО е токму таа, и дека таа ќе биде стоичкиот носител на промената во клучните општествени и политички парадигми – ниту еден лидер, ниту една партија. Таа…

Не заради функцијата и ингеренциите кои се дадени, туку заради нејзината личност, која се карактеризира со принципиелност, одлучност, неразвревеност, отсуство на хистерија (од која ми се мачи, а која е сеприсутна во овој политички збудален контекст, кој политиката и политичкото само низ ПР призма ги третира.).

Се расправав од првиот ден со сите кои сега  се поклонуваат и ја химнизираат како идол, а тогаш  се потсмеваа од најснобовски, малоѓраѓански па и нарцистички причини (имаше сенешто – „зошто не јас а таа“, „мојата биографија во однос на нејзината“, „моите модни детали во однос на нејзините“…).

 Ова е земја каде што само миговни паролашки и перформативни финти успеваат. На некој чуден начин, македонецот се лепи автоматски кога ќе намириса моќ. Одма станува посветеник, да не речам следбеник и поданик, на субјектот кај кого што ќе ја почувствува моќта. Затоа, мразам да зборувам за херои бидејќи тоа се книжевни и митски категории. Оние кои се искрени, чесни, посветени на заедничкото добро и правдата, како Катица Јанева, едноставно посветено работат и не мислат на хероизмот како додадена вредност! Останатите се бават со идолатрија, титуларност и хероизам.

Катица Јанева не е хероина -.таа едноставно е жена со многу нетипични квалитети за оваа култура, која одлично си ја обавува својата работа и која менаџира брилијантно со сите удари на овој болно малограѓански контекст во кој отсуствува секаква, та и политичка култура. Катица Јанева не е тотем и не е табу. таа е онаа точка во нашата политичка историја од која треба да учиме како се гради чувство на доверба, заедница и припаѓање. Катица Јаенва ги сруши сите малограѓански и банално-елитистички стереотипи и го отвори патот за можната рамка на новото општество каде што ќе владеат правдата и правото.

Искра Гешоска
фејсбук статус

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …