недела , 22 октомври 2017
132775944-540x320

Гневот од автоматизацијата

132775944-540x320Економист – Лондон

Од Индустриската револуција наваму, периодично се појавуваа паники заради влијанието од автоматизацијата. Отпорот на наемниците ткајачи кон новите машини им го донесе неомилениот прекар – Лудисти – кој стана вообичаена фраза за сите оние кои залудно се обидуваа да го сопрат технолошкиот прогрес. Такви анксиозности во Америка се појавија на почетокот на 60-ите години од минатиот век, благодарение на брзата автоматизација во земјоделието, иако економијата цутеше. Тоа сега е уште поизразено во богатиот свет, како што напредокот во информатичките технологии (ИТ) се закануваше по работните места за кои претходно се сметаше дека нема да бидат засегнати со автоматизацијата. Дали ваквата анксиозност е пооправдана сега, е предмет на три нови труда објавени во Џорнал од економик перспективс.

Гневот во врска со автоматизацијата вообичаено се фокусира на ефектите од замената, кога работите кои некогаш ги вршеле луѓе се сега се преземени од машини – судбината на лудистите. Сегашниот страв е дека дури и поразнообразни роботи ќе заменуваат работи на ниво кое досега не е претходно забележано. Сепак, претходните искуства покажуваат дека фокусирањето на замената прикажува само дел од целата слика. Според Дејвид Аутор, економист во МИТ и автор на еден од трудовите, оние со мрачен поглед кон автоматизацијата ги занемаруваат многуте работни места кои се појавиле благодарение на постоењето на овие волшебни нови машини. Тој тврди дека само тоа може да објасни зошто уделот на американско население кое работело во 20-иот век порансла и покрај блескавите технолошки напредоци, или зошто падот во вработувањата во земјоделието од 40 проценти на само два проценти од сета работна сила не доведе до масовна невработеност. Помеѓу 1980 и 2010 година, подвлекува Аутор, бројот на банкарски службеници во Америка всушност пораснал благодарение на брзиот раст на машините за кеш. Ова доаѓа затоа што ИТ револуцијата не само што овозможи да се чува кеш; тоа исто така им овозможи на службениците во банките да разберат за какви дополнителни финансиски производи клиентите можат да бидат заинтересирани, и да процесираат молби за нив. Аутор смета дека бројот на новите работни места кои ги овозможуваат технологиите повеќе компензира за оние кои биле загубените преку замената. Едноставно е полесно да се идентификува исчезнувањето на традиционално познатите професии, отколку да се предвидат новите кои се создаваат на нивно место.

Модерните техно-песимисти тврдат дека основата се менува затоа што толку многу работни места сега можат да им се предадат на машините. Во уште еден од трите нови труда се тврди дека предностите на машинската интелигенција може да биде повеќе револуциско отколку еволуциско. Гил Прат, експерт по роботика, истакнува две техники кои можат да предизвикаат таков пробив. Едното е „клауд роботика“, во која роботите учат едни од други, што ќе доведе до брз раст во компетентноста. Второто е „длабоко учење“, кога роботите процесираат огромни количини на податоци за да ги прошират своите капацитети, при што се формираат асоцијации кои можат да се генерализираат. Унапредувањето на овие два пристапи е општ тренд, како што е експоненцијалниот раст во достапноста и капацитетот на безжичниот пристап на интернет, складирањето податоци и моќта на компјутерите.

Ако овие потенцијали треба да се прифатат, роботите може да да бидат измарширани од процесите на производство каде изведуваат специфични задачи, и да преземат далеку поразнообразен обем на улоги во голем дел од економијата, вклучувајќи и мануелни професии. Еден многу често наведуван пример може да бидат и возилата без возач, што може да ги загрози изворите за егистенција на цели армии таксисти и курири. Покрај ова, Прат смета дека напредувањата можат да бидат толку брзи што за разлика од претходните бранови на автоматизација, роботите може да заменат многу поголем обем од работната сила за многу пократко време.

Еден од начините да се размислува за влијанието на технологиите е со категоризација на задачите кај секоја работа помеѓу оние когнитивните и мануелните од една, и рутината и нерутината од друга страна. Токму професиите во администрацијата и средниот менаџмент кои вклучваат когнитивни, но рутински задачи, досега беа најранливите за автоматизацијата. Спротивно на тоа, вработените чија работа е когнитивна, но не и рутинска, воглавно профитираат од технолошките промени затоа што тие им озвоможуваат поподготвени да процесираат и презентираат информации. Слично на тоа, многу форми на мануелни работи се покажаа тешки за компјутеризација, и затоа воглавно останаа незасегнати. Ова ја објаснува матрицата која стана вообичаена на пазарите на труд кај напредните економии во последниве децении, каде имаше раст во вработувањата и на врвот и на дното на спектарот, но празнотија во средината. Но во трудот на Прат се истакнува дека овие утешна отпорност може нема да трае, затоа што машините почнаа да ги преземаат и претходните мануелни работи (благодарние на напредокот во автоматизацијата) и оние нерутинските (благодарение на напредокот во вештачката интелигенција).

Сега е времето

Аутор сугерира дека на многу работни места сеуште им треба мешавина од вештини, флексибилност и проценки; тие се засновани на „тивко“ знаење кое е многу далеку од тоа да биде кодифицирано или изведувано од роботи. Покрај тоа, автоматизацијата по се изгледа ќе биде ограничена, смета тој, затоа што политичарите треперат од можни пошироки социјални последици. Најважно од се, дури и ако тие уништат онолку работни места како што предвидуваат песимистите, многу други сеуште неизмислени работи кои не можат да бидат вршени од роботи најверојатно ќе бидат создадени.

Тежината во предвидувањето на работни места во иднина е тема на третиот труд, од тројца историчари на економијата, во врска со историјата на гневот заради автоматизацијата. На пример, во 1930 година, Џон Мејнард Кејнес го објави прочуениот есеј кој предвидува дека внуците на неговата генерација ќе едвај воопшто ќе треба и да работат. Кејнес го сметаше тоа за знак на прогрес, додека многумина денес стравуваат од таквиот исход. Сегашните предвидувања на фрлање во заборав на работните места можеби е сосема далеку од вистината, исто како и неговите беспомошнио розеви предвидувања.

 

Слични написи

moneti

НБРМ пушти во оптек нови ковани пари за колекционерски цели

Народната банка информира дека се пуштени во оптек кованите пари за колекционерски цели „Година на …