вторник , 27 јуни 2017
gokovichmadridopen-685x320

Ѓоковиќ донесе револуционерна одлука за својата иднина и ја раздрма светската тениска јавност!

Речиси цела една година, Новак Ѓоковиќ игра на непрепознатливо ниво и е далеку од формата со која успеа да освои 12 грен слем трофеи во својата кариера, а по безброј завери и теории кои ги слушнавме во јавноста за неговиот вртоглав пад во играта, Србинот сега се одлучи за еден сезнационален потег кој ја здрма комплетната тениска јавност.

Светскиот рекет број два забележа разочарувачки елиминации на турнирите Австралија, Индијан Велс, Акапулко и Монте Карло, па пред стартот на новите предизвици и настапите на Ролан Гарос и Вимблдон, Ѓоковиќ се одличи за револуционерен потег, отпуштајќи го комплетниот стручен штаб со кој соработуваше со години.

На крајот на минатата година Србинот се раздели со Борис Бекер, а од денесе дел од неговиот тим нема да бидат ниту Марјан Вајда, Гебхарт Фил Грич и Милјан Амановиќ.

– Бескрајно благодарам до Марјан, Џиџи и Милјан за децениите пријателство, пожртвуваност, професионализам и посветеноста за моите цели во кариерата. Без нивната поддршка немаше да ги остварам сите овие резултати во тенисот. Свесен сум дека оние живееја за мене и дека беа подредени за остварување на моите успеси и моите сништа. Тие беа мојата сила и секогаш ми даваа ветер во грб. Ова не беше лесна одлука, но заедно почувствувавме дека е време за промена. Многу сум благодарен и горд на односот и нераскинливата врска која ја градевме со години, истата поткрепена со љубов, почит и разбирање. Тие се моето семејство и тоа никогаш нема да се промени, – гласи соопштението на Ноле.

Слични написи

davitkov

Давитков: Да го вратиме националниот тим таму каде што припаѓа

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Јорданчо Давитков на денешната прес-конференција во спортскиот центар „Борис Трајковски“ …