вторник , 26 септември 2017
novakshangaj-620x320

Ѓоковиќ и Цонга во финалето на Мастерсот во Шангај

novakshangaj-620x320Новак Ѓоковиќ и Жо-Вилфред Цонга ќе играат во финалето на Мастерсот во Шангај откако денеска во полуфиналните мечеви ги победија Енди Мареј односно Рафаел Надал.

Мечот на двајцата најдобри играчи на светот Ѓоковиќ и Мареј траеше 67 минути и Ѓоковиќ на Мареј му препушти само четири гема – 6:1 и 6:3 во сетови. Билансот на победи сега е 20:9 во корист на Ѓоковиќ.

Во второто полуфинале Цонга го победи Надал со 2:1 во сетови. Првиот сет му припадна на Цонга со 6:4, а Надал изедначи откако го доби вториот сет со 6:0. Во решавачкиот сет беше 7:5 за Цонга, кој ја постигна 4.та победа во 12.меч против Надал.

Утре во финалето ќе играат Ѓоковиќ и Цонга што ќе биде реприза на завршниот меч од 2012 година.

Слични написи

elif-elmas-701x495

ФИФА: Фенербахче може да го регистрира Елмаз

ФИФА ја прифати апликацијата што Фенербахче ја поднесе за трансферот на македонскиот репрезентативец Елиф Елмаз, …