четврток , 19 октомври 2017
Angelcho-Andonovski

Големината е во зборот и вистината, лудилото е во Халкидики

Болниот да имал среќа не би бил болен а еднаш крадец засекогаш крадец

Семејна приказна , од секогаш верував дека се што е искрено и раскажано од вистинита случка дека е најтрогателно и дека народот верува во тоа бидејќи се работи за дел од нашата животна приказна и е дел од секојдневието, дел од нашата реална слика за Македонија и македонскиот народ.

Мојот брат е дијабетичар повеќе од 10 години. Благодарение на лекарот кој го лекуваше, брат ми е стабилен регулиран дијабетичар и си ја почитува зацртана агенда за справување со оваа тешка состојба. Кога започна со лекувањето немавме никави проблеми, имаше се, се беше достапно, од инсулини до глукометри, апсолутно се. Како минуваа годините и како одредена група на таканаречени умни мислители во здравството направија наводна мерка за штедење почнаа и првите проблеми.

Проблеми со земање на доволна потребна количина на инсулин, ограничување на лекарот колку да препише, кога да бидат и каде да бидат подигнати и што ли уште не. Најопасно од се беше влошувањето на состојбата на мојот брат, а тоа повеќе ме загрижи и како лекар и како човек кој помислил што и со останатите дијабетичари во Македонија?

Од тука започна голготата на овие пациенти и бизнисот на фамилијата и со овој битен, а скап сегмент во здравството. После толку години поради политиките водени од страна на Тодорофф стасавме до моменти да неколкукратно настане криза за инсулините во државата да неколку пати ги поништува тендерите и по одлуките од второстепените комисии и да на крајот се впуштат во игра наречена однапред испланирана работа и тендер финта.

Едно ме плаши, како е возможно моите професори да бидат толку децидни во ставот дека првогенерациските инсулини се подобри од третогенерациските? Нели е тоа еден вид негрижа кон сопствениот народ? Мислам дека сите колеги не го делат истото мислење. Во Македонија имаме 38.000 тераписки зависни пациенти, бројот на инсулини хомолози наспроти аналози сега е 50 спрема 50, но зошто никој не доби образложение?

Министерот и онака е лаик, но сепак се пофали дека заштедил пари што е тотална дубиоза и непознаница за да изјавиш такво нешто. Каде е уште едниот клучен момент сериите на инсулинте дали се исти и доколку не се исти да се образложи зошто е тоа така зошто не се три или пет серии туку се 120? Начинот на чување и на транспорт на истите дали е запазен и дали тој инсулин поради таквиот факт е веќе корисен за употреба. Да не случајно се пренесувани со камиони за патлиџан и пипер? Ладниот ланец на транспорт е регуларен или не е? И сега почнува вистината за сето тоа, а таа иде преку клучиот играч во тоа кој треба да ја образложи вистината за здравјето на дијабетичарите во Македонија, Тодорофф за жал ти си само една марионета, искористена, злоупотребена, злоставувана, испраќана дури и на Халкидики и Неа Флогита да се игра со другарчињата за да покрај тебе а и со твое знаење поминат многу криминали на фамилијата.

За жал, не си амнестиран, туку напротив си соучесник и човек кој ја има злоупотребено својата службена должност, правник си се надевам знаеш и што е казната. Те играат да си носител на листа. Зар мислиш дека човек наречен СМРТ треба да е носител на листа? Зарем мислите народе мои дека треба да се даде подршка на човек за кој човечкиот дури и детскиот живот не значи ништо? Човек кој не излезе никогаш да даде разумно образложение во врска со смртноста на бебињата, трудници, руинираните болници, мизерните услови за болничко лекување, спа непостоечките лечебни центри и милијарда негови гафови и бурлески.

Зошто Тодорофф не излезе никогаш да објасниш, барем зошто па на тебе се вакво нешто ти се случува? Затоа што немаш ниту лице, ниту образ, ги знаеш реалните бројки кои ги криеш од сите нас но ние ги дознаваме, не може ништо да е скриено. Тие се погубните бројки за здравството, за ништожните ни наши животи, а и бројки за вашите проценти од секој тендер.
Сите прашуваат кои се реалните бројки, а ние може да одговориме следно-бројките се кај Груевски и кај Тодорофф и се катастрофални, а Сител им ги прави како да сме во Дубаи. Тодорофф земи и дај си со време оставка и напушти го и твојот уништувач и деградатор Груевски барем казната да ти е помала ке имаш олеснителни погодности како да си на шопинг во Халкидики.

Д-р. Ангелчо Андоновски

Слични написи

received_10208023772386693

И биднаа безмалку педесет дена од новата Влада!

Колумната ќе ја започнам со една приказна, која оди вака: ,, Бог му заповедал на …