вторник , 24 октомври 2017
Screenshot-from-2017-08-23-22-30-24

Горан Живаљевиќ се брани: Ме напаѓаат мене за да ги сокријат вистинските насилници

Горан Живаљевиќ,  службеник на БИА и дипломат кој,  како што тврди, по службена должност се нашол во Собранието на Македонија за време на упадот на симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ,  тврди дека скандалот поврзан со неговото име требало да го одвлече вниманието на јавноста од вистинските провокатори и насилници.

Во емисија на српска телевизија Живаљевиќ изјавил дека во Собранието дошол дури  два часа по насилството, а во прилог на своето тврдење дека се одвлекува вниманието од вистинските насилници, го споменал присуството на Игор Југ, поддржувач на Хрватските ослободителни сили (ХОС), кој бил облечен во кошула со шаховница и, можеби, додал, имал  и оружје. Според него,  Југ не бил уапсен, ниту пак тепачите со маски.И не се знае, според него, каде е Југ, иако “половина Скопје знае кои се тие.”

Живаљевиќ тврди дека единствениот доказ за неговиот престој во парламентот оваа вечер, кога Албанецот Талат Џафери беше избран за претседател на Собранието, било “селфито” што тој  самиот  го испратил на советникот на  безбедност на македонскиот претседател, Синиша Алексоски.Алексоски тогаш бил во  Охрид и кога, како што изјавил, го прашал каде е му го пратил „селфито“ од  Собранието.

Тој посочи дека целата афера избила речиси еден месец на настаните во Собранието, но кога приказната за него како тепач не поминала требало да му се прикачи дека е поврзан со руската разузнавачка служба.

“Требаше да се најде моја врска со руските служби. Патем јас никогаш не сум бил во Русија и никогаш не сум бил во контакт со некој  Русин. Се дружев со претставници на сите главни служби, со никогаш со Русите”, рече Живаљевиќ.

Живаљевиќ се пожали исто така дека во Скопје бил следен и прислушуван и дека за тоа сведочат  транскриптите од телефонските разговори што ги имал со лидерот на српската партија во Македонија,  Иван Стоиљковиќ.Живаљевиќ,  кој повеќе не работи во амбасадата на Србија во Скопје, признава дека не му било лесно во сите овие настани што  објективно ги нарушиле во еден период македонско-српските односи. Му било полесно кога државата застанала зад него и го заштитила, настапувајќи синхронизирано како тим.

“Добив заштита од врвот. Јас не сум член на СНС и само во една прилика сум го сретнал  Вучиќ, но човекот ме бранеше”, рекол Живаљевиќ.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …