сабота , 21 октомври 2017
linaGorceska

Ѓорческа без борба до полуфиналето на турнирот во Германија

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа стигна до полуфинале во двојки на силниот турнир во Версмолд, Германија.

Лина Ѓорческа оваа недела учествува на ИТФ турнирот во Версмолд, Германија кој се игра за награден фонд од 60.000 долари.
Македонската тенисерка без одигран меч веќе е во финалето на турнирот во двојки.
Лина игра со Швеѓанката Корнелија Листер со која се први носителки на турнирот. Како фаворитки, во првото коло беа слободни, а четвртфиналето го добија без игра откако Германките Герлах и Вахачик го предадоа мечот, што значи дека првиот настап на нашата тенисерка ќе биде во полуфиналето.
Лина Ѓорческа требаше да настапи и во сингл конкуренција, но го откажа учеството.

Слични написи

iniesta

Иниеста потпиша доживотен договор со Барселона

Андрес Иниеста потпиша уникатен договор со Барселона, кој има доживотна важност. Ова е посебен начин …