вторник , 24 октомври 2017
linaGorceska

Ѓорческа и Јотовски бележат пад на најновата ранг листа

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа која игра во најдобро светло оваа година, на последното рангирање забележа пад за неверојатни 31. место на најновата ВТА ранг листа. Таа сега е на 212. место на ВТА рангирањето со 254 поени. Овој пад се должи на елиминацијата уште во првото квалификациско коло на Вимблдон.

Томислав Јотовски, најдобриот македонски тенисер и покрај вчерашниот триумфираше на ИТФ турнирот во Грузија, бележи пад за осум места и во моментот е на 777 позиција на АТП листата.

Со наредното рангирање се очекува скок за најдобрите македонски тенисери, бидејќи рангирањето на АТП и ВТА листата се прави на одреден период и многу пати во минатото се случувало тенисери и тенисерки кои не настапувале неколку недели, поради успесите што ги направиле во претходниот период да се најдат и на првата позција на АТП или ВТА.

Слични написи

iniesta

Иниеста потпиша доживотен договор со Барселона

Андрес Иниеста потпиша уникатен договор со Барселона, кој има доживотна важност. Ова е посебен начин …